9 историски моменти кои засекогаш го сменија односот кон нашите срамни влакна

Луѓето биле опседнати со нивните влакна многу порано одошто мислевте.

Стариот Египет – Некој си истурил мед на себе и ја открил шеќерната депилација

1-9-istoriski-momenti-koi-go-smenija-odnosot-kon-nashite-sramni-vlakna-zasekogash-kafepauza.mk

Опседнати со тоа да останат чисти и педантни, Египќаните успеале да најдат начин како да ги отстрануваат влакната. Користеле леплива и мека смеса базирана на шеќер (понекогаш со пчелин восок), која се лепела само за влакната и не ја оштетувала кожата што ја правело депилацијата помалку застрашувачка.

Стариот Рим – Користеле пинцета

2-9-istoriski-momenti-koi-go-smenija-odnosot-kon-nashite-sramni-vlakna-zasekogash-kafepauza.mk

Римјаните исто како Грците користеле пинцета за да ги отстранат влакната во интимниот предел која кај нив се нарекувала „восела“. Исто така ги отстранувале и со катран и смола веднаш по првото никнување на влакната.

1450 – Некој ги измислил периките за препони

3-9-istoriski-momenti-koi-go-smenija-odnosot-kon-nashite-sramni-vlakna-zasekogash-kafepauza.mk

Тие се познати под името „меркини“. Жените ги бричеле своите срамни влакна поради лична хигиена и за да спречат појавување на вошки во тој предел. Но, потоа ставале меркин за да ја покријат голотијата. Исто така и проститутките носеле за да ги скријат знаците на болест, како на пример сифилис.

Бонус факт: „Меркинот“ сè уште се користи во порно филмовите како реквизит

1547 – Катерина де Медичи станала француска кралица

4-9-istoriski-momenti-koi-go-smenija-odnosot-kon-nashite-sramni-vlakna-zasekogash-kafepauza.mk

Од 1547 до 1589 оваа религиозна противничка на отстранувањето на влакната им забранувала на нејзините дами да си ги отстрануваат срамните влакна. Па, така нејзините помошнички морале да се шетаат со „грмушки“. Но, за среќа тоа правило не важело за сите жени, туку само за нејзините службенички.

1915 – Некој го измислил безбедниот жилет

5-9-istoriski-momenti-koi-go-smenija-odnosot-kon-nashite-sramni-vlakna-zasekogash-kafepauza.mk

Во 1900, „Gillette“ го продаваат првиот жилет за жени со порака дека влакната се „гнасни“ и „непристојни“, па затоа треба да бидат отстранети. Тие пред сè служеле за влакната под пазувите и на нозете, сè додека…

Во 1946 – Некој не ги исекол костимите за капење на пола

6-9-istoriski-momenti-koi-go-smenija-odnosot-kon-nashite-sramni-vlakna-zasekogash-kafepauza.mk

Токму така таа година се појавуваат првите бикини, но тие создале дополнителен проблем: Што ќе се прави со оние мали и виткани влакненца доле? Тогаш жилетот се употребувал за сосем нова намена.

1967 – Жените ги фрлија жилетите

7-9-istoriski-momenti-koi-go-smenija-odnosot-kon-nashite-sramni-vlakna-zasekogash-kafepauza.mk

Хипи пораката за љубов, толеранција и натурализација вклучи буквално сè во својата листа, па дури и срамните влакна. Сексуалната либерализација поставуви нови вредности и жените кои се шетаа со цели „грмушки“ го искажуваа тоа гласно и гордо.

1996 – Вагиналните монолози го кажаа она што сите го мислеа

8-9-istoriski-momenti-koi-go-smenija-odnosot-kon-nashite-sramni-vlakna-zasekogash-kafepauza.mk

Во претставата „Вагинални монолози“ се зборува за тоа дека е понижувачко и гадно да сте целосно ќелави во срамните делови. Поголемиот дел од 80-тите и 90-тите години влакната се поткаструваа, но не се отстрануваа целосно.

2000 – Кери Бредшо имаше бразилска депилација

9-9-istoriski-momenti-koi-go-smenija-odnosot-kon-nashite-sramni-vlakna-zasekogash-kafepauza.mk

Во 2000-та година е отворен салон каде што имаа т.н. бразилски восок. Но, 13 години подоцна Кери си направи бразилска депилација која одеднаш се прослави и стана главен тренд и национална опсесија.

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар