Поучна приказна: Лисицата и јарецот

Еднаш една лисица лутала во темнината. За несреќа, таа паднала во бунар, но дури и покрај своите најдобри обиди сепак не успеала да излезе од таму. Токму затоа и морала да почека до наредното утро со цел да ѝ се отвори нова можност за бегство.

Поучна приказна: Лисицата и јарецот

Следниот ден, еден јарец поминувал по истиот пат. Тој погледнал во бунарот и ја забележал лисицата. „Што правиш тука?“ – ја прашал. Итрата лисица одговорила: „Се симнав да се напијам малку вода. Оваа е најдобрата која некогаш сум ја пробала. Дојди ако сакаш да се увериш.“ Без воопшто да размислува, јарецот скокнал во бунарот, ја изгасил својата жед и почнал да бара излез. Но, исто како лисицата, така и тој се нашол во беспомошна ситуација.

Во тој момент лисицата предложила, „Имам идеја, застани цврсто на твоите нозе, јас ќе се качам врз твојата глава и ќе излезам надвор, а потоа ќе ти помогнам и на тебе. Јарецот бил доволно невин да не ја сфати вистинската намера на лисицата, па токму затоа и ѝ помогнал.

Додека се оддалечувала од бунарот, лисицата рекла, „Да беше доволно интелигентен, никогаш немаше да влезеш во бунарот без прво да побараш излез.“

Поука: Гледајте пред да скокнете. Не влегувајте слепо во сè на што ќе налетате.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Veronika Temelkova Reply

    Ova e mnogu ubava prikazna.Sekogas
    vasite prikazni mi pomagaat za domasni zadaci.

Остави коментар