72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

72-годишниот Кинез Liu Xianping е најверојатно најкул дедо на светот. Тој сакал да ѝ помогне на неговата внука да ја искомбинира облеката за промотивните фотографии, наменети за нејзината онлајн продавница за женска тинејџерска облека „Yuekou“. После кратко време, овој дедо станува интернет сензација.

72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

Сѐ започна како шега. Тој избра едно парче и го облече со цел да ни даде совет како да го комбинираме. Ни стана забавно и започнав да го фотографирам и сите фотографии ги прикачив на веб-сајтот“ – раскажува внуката.

72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

Талентираниот, слабичок дедо одлично се снашол во работата на модел за женска облека, со што ѝ помогнал на неговата внука, да ја зголеми продажбата шестократно.

72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

Откачениот дедо Лиу се справил со сѐ што носат тинејџерките, од розова облека, секси здолништа, тантела, хулахопки во боја, чантички, шалчиња, до очила за сонце и успеал да ги изрекламира на уникатен, хумористичен и женствен начин.

72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

Зошто да не е прифатливо некој како мене да носи женска облека? Тоа што сум модел за продавницата ѝ помага на мојата внука, а јас немам што да изгубам. Бевме многу среќни на денот на фотографирањето. Јас сум многу стар и единствено нешто за што се грижам, е да бидам среќен“ – изјавил тој.

72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

Коментарите за идејата се многу позитивни, а голем број од обожавателите дури му завидуваат на добрата фигура која ја има дедото, особено на неговите витки, долги нозе.

72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар