7 работи што децата можат да ги наследат само од татковците

Секогаш кога ќе се роди нови бебе во семејството, роднините коментираат дека „има очи на мајка му“ или дека го наследил носот од дедо му. Но, како може некој да ги забележи овие сличности кога сите бебиња се црвенкасти, со мали носиња и дебели обравчиња? Како може да се спореди тоа мало лице со лицето на возрасен човек и да се каже „Да, тој личи на татко му“? Сепак, постојат неколку работи што децата можат да ги наследат само од нивните татковци. Во продолжение, дознајте за што станува збор…

7 работи што децата можат да ги наследат само од татковците

1. Проблеми со срцето

Постои еден ген што секогаш се пренесува од татко на син. Тоа парче ДНК може да го зголеми ризикот од срцев удар до 50%! Овој смртоносен ген припаѓа на хаплогрупата I Y хромозоми и се пренесува од татко на син без исклучок! Па така, ако вашиот татко има проблеми со срцето, добро би било да проверите дали обајцата го имате овој хромозом.

2. Висина

Отсекогаш се дебатирало на тема дали детето ја наследило висината на мајка му или висината на татко му. Многу луѓе претпоставуваат дека висината на детето е просек од висините на родителите. Вистина е дека висината на децата се добива со комбинација на гените од двата родитела, во некои случаи генот на таткото може да има поголемо влијание од оној на мајката. Повеќе од 700 генетски низи се комбинираат за да се одреди висината на детето. Ако само една од нив подлежи на варијација, тоа може да ја промени висината за 3 центиметри, што не е мала разлика! Докажано е дека најчесто генот на таткото подлежи на варијации кои значително влијаат на висината на детето.

3. Проблеми со менталното здравје

Докажано е дека менталните нарушувања се наследни. Но, шансите дека детето ќе наследи ментално нарушување од татко му се зголемуваат како што се зголемува возраста на таткото. Доколку некој човек стане татко на постари години и страда од ментално нарушување како што е шизофренија, неговата ДНК сигурно мутирала низ годините и како резултат на тоа, сперматозоидите ќе ја пренесат мутираната ДНК, а со тоа и сите проблеми со менталното здравје. Меѓутоа, повозрасните мајки не можат да му ги пренесат на детето болестите што ги стекнале подоцна во животот. Тоа е така затоа што телото постојано произведува сперматозоиди, додека, пак, бројот на јајце клетките е ограничен и одреден уште по самото раѓање. Промените во женската ДНК немаат влијание на јајце клетките. Меѓутоа, кај жените кои забременуваат подоцна во животот постојат поголеми шанси дека ќе родат дете со аутизам или друга генетска болест.

7 работи што децата можат да ги наследат само од татковците

4. Проблеми со забите

Порака до сите татковци: Доколку имате лоши заби, научете го детето редовно да ги мие своите заби уште од најрана возраст! Децата ги наследуваат на забите на нивните татковци, бидејќи машките гени се многу подоминантни од женските кога станува збор за забите. Тоа ги вклучува големината на забите, формата на вилицата и сѐ останато.

5. Боја на очи

Бојата на очите е како игра на среќа. Еден од вашите родители можеби има прекрасни светло кафеави или сини очи, а вие сте „заглавиле“ со темно кафеави. Ова можеби ви звучи неправедно, но таква е реалноста. Докажано е дека обајцата родители влијаат на бојата на очите, но во повеќето случаи, гените на таткото се повлијателни. Сепак, гените што предизвикуваат темна боја на очите се подоминантни од гените заслужни за светлите очи, така што ако еден од родителите има потемна боја на очи, тогаш и детето ќе има темни очи.

6. Неполодност

Благодарение на технологијата и медицинскиот напредок, денес има начини и неплодните луѓе да зачнат дете. Еден од најпопуларните методи е ин витро. Меѓутоа, откриено е дека машките деца што се родени на овој начин имале многу помал број на сперматозоиди за разлика од момчињата кои биле родени по природен пат. Ова докажува дека татковците можат да ја пренесат нивната неплодност на идните генерации.

7. Пол

Само таткото може да влијае на полот на детето. Жените имаат ХХ хромозоми, а мажите се носители на ХY хромозоми. Во зависност од тоа дали сперматозоидот е носител на Х или Y хромозом додека ја оплодува јајце клетката, детето може да биде машко или женско. Хромозомот што доминира во спермата на таткото ја создава комбинацијата на хромозми што го определува плодот на детето.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте кои лични особини ги наследувате од вашите родители.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар