Тест: Изберете магична карта и откријте кога вашата желба ќе се оствари!

Тест: Изберете магична карта и откријте кога вашата желба ќе се оствари!

Застанете за момент, земете длабок здив и интуитивно изберете една од овие магични карти. Таа ќе ви открие кога ќе ви се исполни желбата!

Тест: Изберете магична карта и откријте кога вашата желба ќе се оствари!

  • Карта бр. 1

    Бидете трпеливи и сè ќе успее! Oваа магична картa ви предвидува дека нешто неверојатно ќе се случи. Само не толку брзо колку што вие би посакувале. Нетрпеливи сте и често ја губите вербата во поволен исход. Затоа, бидете трпеливи докрај и не заборавајте дека вашата желба ќе се оствари кога ќе дојде време за тоа. Освен тоа, имајте на ум и дека сè што ви се случува во последно време е меѓусебно поврзано.

  • Карта бр. 2

    Оваа магична карта ве советува малку да се опуштите. Со вашите бескорисни постапки ја намалувате можноста за исполнување на вашите желби. Картата означува и уживање во животот. Но, треба да верувате во вашиот сон. Во последно време не верувате доволно во сопствените сили. Запомнете дека секој настан во вашиот живот е дел од сложувалката што вселената ја подготвил за вас. Сè има свое скриено значење. Освен тоа, универзумот ви подготвува изненадување!

  • Карта бр. 3

    Наскоро вашите желби ќе се остварат. Оваа магична карта ви кажува дека е време да започнете нешто ново. Имате доволно сила да ги исполните вашите најлуди соништа. Затоа, верувајте во она што ви го кажува вашата интуиција и само направете чекор кон сето добро што светот околу вас може да го понуди. Искористете ги сите можности и без двоумење донесете одлуки кои ќе ве приближат до целта.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете кои се моменталните позитивни и негативни аспекти од вашиот живот.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар