Камен град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра

Камен град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра

Мадаин Салих или градот на Салих е археолошки локалитет во северозападниот дел на Саудиска Арабија, „само“ четири часа оддалечен од Медина. Тоа е едно од најголемите богатства на Саудиска Арабија кое допрва ќе ја види светската слава.

Камен град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра

Некои го нарекуваат Хегро, или „камено место“, а некои, пак, го нарекуваат втора Петра. Тука се зачувани монументални гробници врежани во карпите, а вкупниот број на гробници изнесува дури 2.000. Најголемите мавзолеи се ископани во карпи на четири ката. Меѓутоа, додека во Петра гробниците се ископани во масивни карпи, овде изгледаат како да изникнале сами по себе. Најголемата гробница е висока 16 метри и всушност никогаш не била завршена.

Локалитет е значаен и затоа што содржи најмногу остатоци од набатејската култура по, можете да погодите, Петра во Јордан. Набатејците владееле со оваа област околу 300 години додека не биле поразени од Римјаните.

Иако овој археолошки комплекс се наоѓа во пустинска област без знаци на живот, сепак тоа и не е баш така. Во областа има околу 130 бунари бидејќи всушност има одржливи извори на вода и почва погодни за земјоделство. Во првиот век п.н.е., местото било обраснато со зеленило и растенија, а Набатејците овде одгледувале добиток.

Бидејќи градот се наоѓал на раскрсницата на трговските патишта, каде што се среќавале различни култури, тоа се одразувало и во мотивите со кои биле украсени ѕидовите. Малку подобри познавачи ќе ги препознаат типичните стилски мотиви што ги користеле Асирците, Феникијците, Египќаните, Персијците, Римјаните и Грците. Ако ги погледнете врежаните цртежи и симболи на гробниците, лесно може да препознаете колку личноста која е погребана на тоа место била важна за тогашното општество, односно кој бил нејзиниот статус.

Долго време луѓето се плашеле од овој град бидејќи во религиозните текстови бил опишан како место каде што Бог ги казнува луѓето за идолопоклонство. Поради ова некои го сметале за проколнат.

Меѓутоа, со текот на времето, биле преземени мерки за негово отворање кон светот и туристичка промоција. Државата го заштитила со закон уште во 1972 година, а во 2008 година градот станал дел листата на светско наследство на УНЕСКО.

Денес е веќе познат во светот, но ако се најдете тука, нема да видите други туристи. Има многу причини: од фактот дека не е многу лесно да се влезе во Саудиска Арабија како турист до веќе споменатото верување за озогласената природа на местото.

Откако прочитавте за овој археолошки локалитет, можеби ќе сакате да прочитате и за ресорт во Саудиска Арабија кој им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар