10 лични особини за кои не знаевте дека ги наследувате од вашите родители

10 лични особини за кои не знаевте дека ги наследувате од вашите родители

Имате кафени очи како мајка ви и долги нозе како татко ви. Ако подобро размислите, овие работи се неверојатни – ја наследуваме секоја физичка особина од родителите. Но кои други особини доаѓаат од нашите предци? Според последните истражувања во генетиката се откриле интересни работи. Следуваат 10-те особини кои ги наследувате од вашите родители:

10-osobini-za-koi-neznaevte-deka-gi-nasleduvate-od-vashite-roditeli-kafepauza.mk

1. Висок холестерол

Многу луѓе веруваат дека нивото на холестерол е поврзано со храната што ја внесуваме. Ако сакате долг живот, мора да јадете зеленчук и овошје и редовно да вежбате. Барем така се верува. Но понекогаш високиот холестерол зависи од нашите гени. Околу 1 во 500 луѓе има посебна генетска мутација која води до акумулирање на холестерол во нивната крв. Овие луѓе страдаат од висок холестерол без разлика на нивниот начин на живот.

2. Ќелавоста се наследува од мајката

Еден од гените кои имаат улога во ќелавоста се наоѓа во Х хромозомот. Мажите го наследуваат ова од нивните мајки. Но немојте веднаш да ја обвините неа, постојат и други гени кои играат улога, вклучувајќи ги и оние кои се наследени од таткото. Покрај тоа, вашето опкружување исто така има ефект во губењето на косата.

3. Академски успех

Кога мајката го кара детето бидејќи извадило слаба оценка, а потем потенцира дека таа била многу подобар ученик, до некаде е во право. 55% од академскиот успех зависи од гените кои сте ги наследиле. Илјадници гени се директно поврзани со тоа колку сте добри на училиште. Па, ако вашите родители биле одлични ученици, вие имате голем потенцијал да го постигнете истиот просек.

4. Љубов кон кафето

Дали пиете кафе? Па, вашите гени се виновни за тоа. Научниците спровеле компаративно истражување на луѓе кои можат и кои не можат да живеат без кафе. Резултатите покажале дека првата група имала посебни гени што значело дека многу побавно го апсорбирале кофеинот. Тие немале потреба редовно да пијат кафе за да го зголемат нивото на енергија.

5. Дијабетес во раниот развиток

Дијабетес тип 2 обично се развива кај постарите луѓе. Но понекогаш може да се појави кај деца и адолесценти кои имаат активен живот. Ова е резултат на генетска мутација, иако и нездрава исхрана.

6. Далтонизам – од вашата мајка

Неспособноста да се разликуваат одредени бои често е наследена преку гените. Генот кој ја произведува често го наследуваат синовите од нивните мајки. Мажите се оние кои страдаат од далтонизам во најголем број. Ова е поради тоа што во нивната генетска структура, дефектот на единствен мајчин Х хромозом нема замена, додека женските имаат Х хромозом „за секој случај“ наследен од нивните татковци.

7. Нетолерантност на лактоза

Иако звучи изненадувачки, 65% од возрасните имаат проблем со дигестијата на лактозата или млечниот шеќер. Еден ген е виновен за ова. Кога едно дете е сè уште многу младо и има потреба од млеко за да преживее, телото создава ензими за дигестија на лактозата. Како што тоа дете расте, неговата способност да апсорбира млечни производи се намалува. Само мал дел од луѓето имаат ген за толеранција на лактоза, што значи дека тие се способни да обработуваат млеко и млечни производи без проблем, на која било возраст.

8. Способност за возење

Она во кое многу од нас се сомневаа, научниците го потврдија – не секој ја има способноста за возење автомобил. Можете да ги научете правилата и да го положите тестот, но ако ги немате посебните гени кои влијаат на вашата способност за ориентација, брзината на реагирање или вашата меморија, тогаш возењето можеби и не е најдобра идеја. Многу е веројатно вашето внимание да биде лесно одвлечено и со тоа да се изложите на поголем ризик од несреќа. Научниците веруваат дека до 30% од населението ги нема потребните гени за возење.

9. Кратковидост

Веројатноста дека некој е, или ќе биде кратковид е наследена. Ако и двајцата родители го имаат овој проблем, детето има околу 50% да го наследи. Но, научниците веруваат дека во овој случај не можеме целосно да се потпреме на гените. Оние кои поминуваат помалку време пред екран имаат помали шанси да развијат кратковидост.

10. Популарност

Може да звучи неверојатно, но тајната на популарноста е скриена во гените. До ова дошле научници од Харвард после макотрпно истражување. Тие веруваат дека уште од почетоците на човековата раса, оние кои имале информации за каде да најдат храна или каде има опасност биле во центарот на групите. Овие луѓе ги пренеле своите гени на нивните потомци. Луѓето кои ги наследиле, се популарни меѓу нивните познајници и секој сака да биде нивен пријател. Како се случило ова? Можеби некое идно истражување ќе разјасни поубаво.

Прочитајте и дали децата можат да ја наследат депресијата и анксиозноста од своите родители


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар