7 евтини спортски автомобили

Ако размислувате да се подновите со еден убав, брз, спортски автомобил, следните 7 модели се најдобриот избор според перформансите што ги добивате за цената што ја имаат. Цените се однесуваат на пазарот во светски рамки.

Mazda MX-5 Miata

Според многумина оваа Мазда дава најдобри перформанси за парите што ќе ги платите. Мијата е двосед со 167 коњски сили чија цена е скромни 18.000 евра. Отприлика, нуди слични перформанси како, на пример, Порше, но за многу помала сума пари.7 евтини спортски автомобили

Mini Cooper Hardtop

Ова е мал автомобил чиј звук на моторот може малку да иритира, но 121 коњски сили и кул изглед за само 17.000 евра е одлична зделка.7 евтини спортски автомобили

Ford Mustang

За модел со извонредно богата историја на одлични спортски автомобили кој под хаубата има мотор со 305 коњски сили, цената од 18.000 евра изгледа мала. За да нема заблуда, ова е само основниот модел на Мустанг. Останатите се многу помоќни, достигнувајќи и повеќе од 600 коњски сили и секако многу повисока цена.7 евтини спортски автомобили

Chevrolet Camaro

Овој Шевролет Камаро со прекрасен изглед чини само 19.000 евра. Ова е најмалку силниот модел на Камаро со 6,2 литарски мотор појачан со фантастични 323 коњски сили.7 евтини спортски автомобили

Mitsubishi Eclipse

За жал, конструкторите не се потрудиле премногу за да има дадат поагресивен изглед на оние 162 коњски сили под хаубата. Сепак, со оглед на тоа што за неа се бара помалку од 20.000 евра, таа мора да биде на вашата листа на приоритети ако посакувате релативно евтин спортски автомобил.7 евтини спортски автомобили

Hyundai Veloster

За некаде околу 14.000 евра (кај нас 20.000) можете да си купите нов Хјунади Велостер опремен со 1,6 литарски мотор со извонредни 132 коњски сили. Иако се работи за спортски автомобил не е само за на тркачки патеки. Троши нешто над 7 литри на 100 километри.7 евтини спортски автомобили

Dodge Challenger

Нов Доџ Челенџер како овој на сликата за само 19.000 евра е многу примамлива понуда. Придвижуван е од извонредно силен мотор со 305 коњски сили.7 евтини спортски автомобили


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар