10 нови животни на работ на исчезнување

10 нови животни на работ на исчезнување

Како резултат на индустрискиот развој, сè почеста е злоупотребата на животните во производството. Иако денес постојат различни здруженија за нивна заштита, истребувањето на животинскиот свет продолжува. Според најголемата светска организација за зачувување на животните, оваа година загрозени животни се следниве:

1. Суматранскиот орангутан

Овој вид орангутан може да се најде само во Индонезија. Опстанокот на суматранскиот орангутан е доведен во прашање најмногу заради уништувањето на дрвјата, што претставува нивно природно живеалиште.

2. Желка со мек оклоп (Leatherback Turtle)

Ваквиот вид желки наместо тврд оклоп, имаат мека обвивка со која е покриено нивното тело. Може да се видат во Карипското море, Атлантскиот и Индискиот океан. Бројот на овој вид желки е значително намален поради нивното прекумерно ловење заради користење на нивните коски и поради уништување на нивното живеалиште.

3. Тигар

Најновите истражувања посочуваат дека се останати само околу 3.200 тигри. Како најчеста причина за намалување на бројот на тигрите, се ловците и уништувањето на шумите.

4. „Vaquita“ мал делфин

Се работи за специфичен вид мали делфини. Проценето е дека се останати само 150 видови во Мексиканскиот Залив. Овој вид делфини се на работ на исчезнување поради тоа што најчесто завршуваат во мрежите на риболовците.

5. Јавански носорог

Денес јаванскиот носорог е критично загрозен, со 50 преживеани видови, иако во минатото бил најраспространетиот азиски носорог. Живеел од островите во Индонезија, преку југоисточна Азија, до Индија и Кина. Носорозите се убиваат најмногу заради нивните рогови.

6. „Bluefin“ туна

Овие туни се најскапоцените риби, бидејќи од нивното месо се подготвува познатиот специјалитет суши. Но, поради претераното ловење, нивниот број е значително намален.

7. Снежниот леопард

Снежниот леопард живее на Хималајските планини во Авганистан, Пакистан, Индија, Кина и Непал. Проценето е дека се останати од 4.000 до 65.00 леопарди.

8. Планинската горила

Како резултат на напорите за зачувување на овој вид, бројката на планинската горила е зголемена. Се смета дека овие горили ги има околу 790.

9. Азискиот слон

Најмногу заради недозволеното ловење, азискиот слон оваа година е сместен на листата на истребување.

10. Делфинот „Irrawaddy“

Овој вид делфин живее во Лаос. Се проценува дека се останати околу 85 делфини. Најголема закана за нивно истребување, како и кај повеќето загрозени видови, се уништување на нивната природна околина и неконтролираното ловење.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. ana Reply

    zalno 🙁

Остави коментар