Совет за возачите: Како да го изладите автомобилот што стоел на сонце за само 10 секунди

Совет за возачите: Како да го изладите автомобилот што стоел на сонце за само 10 секунди

Секој возач кој некогаш влегол во автомобил што стоел на сонце цел ден, знае колку е непријатно тоа, но тоа исто така може да биде и опасно за здравјето. Без разлика дали имате клима-уред во вашиот автомобил или не, овој трик ќе ви овозможи да го изладите автомобил што стоел на сонце за само десет секунди.

Совет за возачите: Како да го изладите автомобилот што стоел на сонце за само 10 секунди

Оние што го испробале овој метод велат дека ја намалува температурата во возилото за околу 10 степени. Сè што треба да направите е:

  • да го отворите прозорецот на страната од совозачот и да ја затворите вратата
  • да ја отворате и да ја затворате вратата од страната на возачот

На седиштата, особено ако се од кожа, ставете нешто памучен материјал – така полесно ќе седите на нив бидејќи нема да бидат толку жешки.

Воланот е најдобро да биде свртен настрана при паркирање, па кога ќе се вратите и го ставите во почетна позиција, делот каде што ќе ви бидат дланките ќе биде ладен.

Покрај тоа, пред да излезете од автомобилот, ставете некаква обвивка на менувачот на брзини, така што нема да биде толку жежок кога повторно ќе застанете зад воланот.

Она што може да помогне за да не се загрева многу автомобилот е да ставите алуминиумска заштита на внатрешноста на ветробранското стакло. Тоа ги одбива сончевите зраци, па контролната табла и воланот нема да бидат толку жешки.

Прочитајте ги овие трикови за автомобилот што ќе го направат секое возење попријатно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар