5 контроверзни жени кои го промениле светот

Многу жени низ историјата ја имале храброста јавно да говорат и да предизвикаат големи промени. Кога ќе размислите подобро, жените денес ја имаат слободата да говорат јавно, да напишат книга која ќе има големо влијание, но што е со жените на XIX век кои не уживале апсолутно никакви права? Ова се дел од најконтроверзните жени кои не се плашеле да го променат светот.

1. Хариет Бичер Стоу (1811-1896)

Позната американска писателка и активист за прекин на ропството во 19 век. Хариет Бичет Стоу останува запаметена по нејзиниот голем успех, контроверзната новела „Колибата на чичко Том“ која кренала многу прашина во тоа време. Имено, некои тврдат дека оваа новела, после библијата, е најпродаваното дело во XIX век.

5 контроверзни жени кои го промениле светот

Тематиката на ова дело е сосредоточена на негативностите на ропството, а дури и се смета како една од причините за Американската граѓанска војна. При една средба со претседателот Абрахам Линколн, тој ѝ се обратил велејќи ѝ: „Значи ти си таа мала жена која ја напиша книгата што ја предизвика оваа голема војна?“

2. Маргарет Тачер (1925-2013)

Има такви кои ја обожуваат и ѝ се восхитуваат, но и такви кои не ги делеле истите идеали со неа. Но сеедно, ниедна листа на моќни и познати жени не може да мине без челичната дама на Британија. Порасната како ќерка на продавач, Маргарет Тачер смело се држеше во политичкиот свет покрај мажите и воведе политички реформи кои го променија светот.

Тачер стоела на чело на премиерската функција за време на Фолкландската војна со Аргентина, од која Британија излегува како победник. Сепак, кај многумина ја изгубила почитта откако поради нејзините политички и социјални реформи, дел од граѓаните останале без работа.

5 контроверзни жени кои го промениле светот

3. Џермејн Грир (родена: 1939)

Една од најголемите феминистки на 20-тиот век, австралиски академик и новинар. Позната по книгата „The Female Eunuch“, која главно се фокусира на правата на жената како и на женската сексуалност, Грир набрзо станува гласот за слобода на жените.

Грир ја гради својата кариера воглавно како бунтовник и жена која умее да зборува без влакна на јазикот. Во текот на 70-тите била уапсена поради јавно говорење со навредлив јазик.

5 контроверзни жени кои го промениле светот

4. Маргарет Сангер (1879-1966)

Маргарет Сангер е жената која ја отворила првата клиника во Америка која се фокусирала на заштита на жените во однос на раѓањето, контрацепцијата и сексуалната едукација. На овие теми, како и на темата брак, напишала многу книги.

Сангер се залагала за поголема информираност на жените како и за спречување на несакана и непланирана бременост. Веројатно вложила толкав труд поради судбината на нејзината мајка која починала од туберкулоза на 50 години, предизвикана поради 11-те пораѓања и 7 пометнувања на бременоста.

5 контроверзни жени кои го промениле светот

5. Волис Симпсон (1896-1986)

Сонот на секоја девојка е да стане принцеза како од бајките. Но оваа жена била причина за турбуленции и несогласувања во Британското кралство. Симпсон му била љубовница на принцот Едвард кој бил наследник на тронот. Но поради тоа што двапати била разведена, Едвард бил принуден да се откаже од круната за да биде со неа. Тоа и го сторил.

Некои гледаат на нивната романса како божемска љубов која во суштина е базирана на корист од материјална природа, но други ја гледаат како вистинска љубов. На крајот на краиштата, кој крал би се откажал од своето место на престолот поради љубовта кон една жена?

5 контроверзни жени кои го промениле светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар