Моќни цитати на Маргарет Тачер за животот, политиката и успехот

Маргарет Хилда Тачер, лидер на Конзервативната партија во Британија и премиер на Обединетото кралство од 1979 до 1990, останува запаметена по својата одлучност како и успехот и авторитетот во политичкиот свет каде владееле мажите. Самата изјавила дека за да се води земја каква што е Британија, човек треба да има нешто челично во себе. Токму затоа останува позната и како Челичната дама.

Моќни цитати на Маргарет Тачер за животот, политиката и успехот

 

„Ако сакате нешто да биде кажано, прашајте маж. Ако сакате нешто да биде направено, обратете се кај жена.“

„Да бидеш моќен е исто како да бидеш дама. Ако мора да им кажеш на луѓето што си, тогаш не си тоа.“

„Навиката да го правиш она што знаеш дека е правилно и важно, иако е тешко, е вистинскиот пат до гордоста, самопочитта и личното задоволство.“

„Секоја жена која ги разбира проблемите при одржувањето на домот, ќе биде поблиску до разбирање на проблемите при управувањето со една држава.“

Моќни цитати на Маргарет Тачер за животот, политиката и успехот

 

„Потребни ми се околу 10 секунди за да формирам мислење за некого и ретко кога го менувам.“

„Не познавам некој кој стигнал до врвот без напорна работа. Тоа е рецептот. Не секогаш ќе ве однесе до самиот врв, но ќе стигнете навистина блиску до него.“

„Можеби петелот кукурига, но кокошката е онаа која ги квачи јајцата.“

„Ја имам таа женска способност да се зафатам со една работа и да продолжам да ја работам дури и тогаш кога сите останати креваат раце и си заминуваат.“

Моќни цитати на Маргарет Тачер за животот, политиката и успехот

 

„Стоењето на сред улица е многу опасно. Можеш да настрадаш од двете страни.“

„Ако критичарите ме видат како одам покрај Темза ќе речат дека сум одела пеш бидејќи не знам да пливам.“

„Ако сакаш да си го исечеш сопственото грло, не доаѓај кај мене да бараш фластер.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар