4 научно докажани факти за вистинските „вампири“

Иако никогаш не постоеле такви вампири какви што се прикажуваат на филмовите, од типот на Дракула или Едвард Кулен, сепак не е толку глупаво да се запрашате дали вампирите навистина постојат, барем што се однесува до науката. Имено, постојат некои нарушувања на крвта што се многу слични со генетската мутација застапена во народните приказни за вампирите.

4 научно докажани факти за вистинските „вампири“

Имено, постојат 8 нарушувања на крвта кои влијаат на нејзината циркулација. Најчестото нарушување се вика еритропоетичка протопорфирија (ЕПП). Станува збор за посериозна форма на анемија што влијае на изгледот на луѓето и на нивниот однос кон сонцето. Според истражувачите, постои генетска мутација што го поттикнува ова нарушување и што може да се поврзе со првите приказни за вампирите. Прочитајте ги следниве неколку факти за да дознаете каква е поврзаноста помеѓу науката и најпознатите страшни приказни…

1. Луѓето со ЕПП имаат кожа којашто е хиперсензитивна на сонце

4 научно докажани факти за вистинските „вампири“

Секако дека постојат луѓе со блед тен, но тие не мора да се кријат од сончевата светлина за да си го зачуваат здравјето. Пациентите со ЕПП, пак, се многу чувствителни на ултравиолетовите зраци и преголемата изложеност на нив може да им предизвика сериозни проблеми, што не можат ниту да се споредат со обичните изгореници од сонце.

„Луѓето со ЕПП се хронично анемични, поради што изгледаат уморно и бледо. Освен тоа, тие се многу чувствителни на светлина и не можат да излегуваат надвор преку ден. Дури и кога времето е облачно, ултравиолетовата светлина е доволно силна за да им предизвика гноеви и деформации на изложените делови од телото, ушите и носот“, објаснуваат експертите.

Не е воопшто чудно тоа што луѓето со ЕПП претпочитаат активности во затворени простории. И вие веројатно би сакале да седите дома по цели денови, кога би знаеле дека и најмалиот контакт со сончевите зраци може сериозно да ви наштети.

2. Луѓето со ЕПП не цицаат крв, но прифаќаат донации

4 научно докажани факти за вистинските „вампири“

На овие вистински „вампири“ им требаат редовни трансфузии за да ја одржат стабилноста на протеинските нивоа во крвта. Нарушувањата на крвта се јавуваат кога телото не може да произведе доволна количина на хем. Хем е протеин што пренесува кислород, се меша со железо и ѝ ја дава црвената боја на крвта. Додека легендарните суштества се хранеле со животинска и човечка крв, пациентите со ЕПП претпочитаат редовна трансфузија на крв за да ги стабилизираат нивоата на хемот и да ги ублажат симптомите.

3. Физичките симптоми на ЕПП не вклучуваат само блед тен

4 научно докажани факти за вистинските „вампири“

За разлика од страшните приказни и филмови, луѓето со ЕПП немаат остри песјаци, долги нокти и темни кругови околу очите. Експертите објаснуваат дека покрај проблемите со кожата, не постојат речиси никакви други видливи знаци на ова нарушување.

„Понекогаш може да се јави оток на кожата, што на почетокот личи на осип од коприва. Со текот на времето, кожата кај некои луѓе се здебелува околу зглобовите и се јавуваат мали лузни на оние делови што биле изложени на сонце, како што се образите, носот и дланките“, откриваат научниците.

Во секој случај, овие промени на кожата се различни кај различни поединци.

4. Покрај ЕПП, и беснилото честопати се поврзува со народните приказни за вампирите

4 научно докажани факти за вистинските „вампири“

Во 1998 година, шпанскиот невролог Хуан Гомез-Алонсо нашол врска помеѓу вампирите и луѓето кои имале беснило. Оваа споредба му дошла на ум додека гледал филм со Дракула и забележал дека и вампирите и луѓето кои биле каснати од животно со беснило искажуваат чувства на нервоза и насилство. Понатамошните истражувања довеле до уште поинтересни сличности, како што е фактот дека луѓето со беснило имаат грчеви на мускулите кога се изложени на силна светлина, огледала, вода и силни мириси (лук, на пример). Освен тоа, приказните за вампирите почнале да кружат околу Европа во периодот кога имало голем број случаи на луѓе заболени од беснило. Мислите дека се работи за случајност? Можеби, а можеби не.

И покрај тоа што е интересно да се дознае од каде потекнува инспирацијата за вампирите, овие вистински болести и нарушувања, како ЕПП, се многу сериозни и секогаш треба да се лекуваат. Сега, откако дознавте за нив, сигурно имате сосема поинакво мислење за вампирите и знаете да направите разлика помеѓу фактите и фикцијата!

Вампирите не се единствените суштества застапени во хорор жанрот! Доколку обожувате да читате страшни приказни, сигурно ќе ви се допаднат следниве хорор приказни со духови кои ќе ве остават без сон.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар