25 стереотипни претпоставки кои мажите ги имаат за жените

Навистина многу од претпоставките кои мажите ги имаат за припадничките на понежниот пол се точни за повеќето жени, но поради фактот дека сепак не важат за сите, тоа ги прави стереотипи. Погледнете во кои „факти“ мажите беспоговорно веруваат.

25-stereotipni-pretpostavki-koi-mazhite-gi-imaat-za-zhenite

1. Жените користат производи без шеќер бидејќи мораат да бидат на диета.

2. Жена не знае да се паркира паралелно.

3. Кога е нерасположена жена, тоа е заради ПМС-от.

4. Жените не поднесуваат алкохол од типот на пиво и виски.

5. Жените не се разбираат во спорт.

6. Жена не би знаела како да ракува со бормашина.

7. Секоја жена поседува најмалку 10 пара чевли.

8. Ако е сингл, жената очигледно сака да не е.

9. Сите жени обожаваат филмови со Сандра Булок, Рис Витерспун и Јулија Робертс.

10. На секоја жена ѝ е важно одбележувањето на годишнината и Св. Валентин.

11. Сите жени сакаат деца, дури обожаваат.

12. Опсесивни се кога ја планираат својата свадба.

13. Жените мислат дека се предебели.

14. Секогаш мора да се нашминкаат пред да излезат од дома.

15. Немаат поим како од елементи да состават функционално парче мебел.

16. Не можат да имаат секс без да имаат чувства.

17. Не знаат како да направат добра скара.

18. Сите жени обожаваат да гледаат „Сексот и градот“.

19. Жените не знаат да ценат телевизор со рамен екран, стерео систем и други напредни електронски уреди и технологии.

20. Жените не сакаат да гледаат порно.

21. Се плашат од хорор филмови.

22. Сите жени обожаваат да читаат Космополитен и Теа Модерна.

23. Знаат да сошијат копче.

24. Жените имаат магична дарба за готвење и чистење која ја стекнуваат со раѓање.

25. Жените едноставно не знаат да бидат рационални.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар