25 најшокантни откритија од изминатата година

25 најшокантни откритија од изминатата година

Изминатата година научниците дојдоа до некои од најшокантните откритија досега. Иако постојаните новости од социјалните мрежи може да ве натераат да помислите дека светот се распаѓа, не е така. Всушност светот е многу понапреден, побезбеден и помирен отколку во минатото. Многу од удобностите кои ги имаме денес се резултат на напредокот на технологијата и зголемениот број на откритија. Погледнете дел од најчудните откритија од минатата година.

1. Бескрајна меморија

(1)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Како што повеќето од вас знаат, маслото избледува со текот на времето, а истото се случува и со компјутерската меморија. На крај таа е само електрични импулси складирани на различни начини. Научници од универзитетот во Саутхемптон откриле начин како да зачувуваат податоци на посебен вид стакло. Оваа технологија ќе им овозможи на податоците да преживеат повеќе од 13 милијарди години.

2. 2016 НО3

(2)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Ова е името на втората месечина на Земјата. Токму така! НАСА откри дека Земјата има 2 месечини, барем сега засега. 2016 НО3 е астероид со орбита околу Земјата на голема далечина и за отприлика еден век ќе ја напушти целосно.

3. Човечки стапалки

(3)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Научниците откриле стотици човечки стапалки во Танзанија, на местото познато како Енгаре Саро. Стапалките датираат од пред околу 20.000 години и прикажуваат групи луѓе кои трчаат во сенката на вулкан.

4. Клонирањето и долгорочните здравствени последици

(4)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Клоновите на овцата Доли (Деби, Денис, Дијана и Дејзи) изгледа дека одлично стареат. Всушност, додека Доли страдала од артритис, кај нејзините клонови не се појавило ништо. Тие стареат подобро и од оригиналот!

5. Супер-жито

(5)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Додека ГМО (генетски модифицирана храна) не е многу популарна во некои кругови, според научниците ова е решението. За што? За глобалната популација и кризата за храна. Ако не постоело ГМО, голем дел од населението не би бил жив. Супер-житото е последниот член на „клубот“. Многу е поефикасно во фотосинтеза и може да произведе многу поголеми плодови.

6. Џиновски крокодил

(6)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Научниците ископувајќи коски во Тунис, го откриле најголемиот крокодил кој чекорел на земјата. Тој бил со должина од 9 метри и маса од 3 тони!

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар