Не кршете им го духот: Според науката, немирните деца израснуваат во најсреќните возрасни

Иако секој родител има желба детето да му биде совршено, мирно и послушно во секој момент, психолозите нагласуваат дека тоа не влијае добро на развојот на детето. Тие тврдат дека немирноста всушност може да допринесе до нивното целокупно задоволство во понатамошниот живот. Со други зборови, ако имате чувство дека вашето дете ви бега од контрола, вдишете длабоко и потсетете се дека ова може да влијае позитивно на нивниот развој, како и на успехот во иднината. Еве зошто бунтовните деца поминуваат подобро во животот…

Независни се и не се плашат да го кажат тоа што го сакаат

Секое дете си има своја единствена личност и начин на интеракција со околината. Доколку родителите постојано се обидуваат да му наметнат на детето одреден модел на однесување, тоа може да има проблеми со самоизразувањето подоцна. Неможноста да сфатат што точно сакаат сами ќе ги следи во текот на целото нивното растење.

Ќе стекнат богато знаење

Децата ги користат своите сетила за да комуницираат со светот. Оние што не мируваат ја покажуваат својата љубопитност што никако не смее да биде спречена. Кога родителите го присилуваат детето да биде мирно и да не покажува никаква иницијатива, тоа ја губи желбата за истражување и знаење. Токму затоа и немирните деца секогаш израснуваат во успешни луѓе.

Децата го пратат вродениот модел на однесување

Поголемиот дел од децата се активни и малку немирни, но тоа е дел од нивната природа. Во раните години не постои страв од искажување на емоциите, па децата се трудат да го искористат максимумот од секое искуство.  Со други зборови, ако тоа е гласно, тоа значи дека е среќно и дека се чувствува самоуверено во својата кожа.

Лесно ги покажуваат и разбираат емоциите

Немирните деца стануваат многу емотивно стабилни луѓе кои ги препознаваат и почитуваат туѓите емоции. Исто така немаат никакво проблем ни како возрасни да го искажат тоа што го чувствуваат.

Не ги интересира туѓото мислење

Немирните деца не бараат ничие одобрување кога ќе пораснат. Тие знаат што е добро за нив и без страв го следат својот пат. Доколку не успеат пак, тоа нема да ги обесхрабри. Тие знаат дека не постои ситуација која едноставно не може да се поправи. И разбираат дека нивното мислење е единственото што е најважно.

Имаат подобри вештини за решавање проблеми

Децата што се држени под контрола од своите родители растат во луѓе што се плашат од авторитетите и потешко се вклопуваат во поголемиот колектив, додека немирните деца никогаш немаат проблем со ова. Кога ќе пораснат, тие се поспонтани и со леснотија ги решаваат сите проблеми што им се случуваат. Да не збориме и за фактот дека се поотпорни на стрес.

Стануваат креативни луѓе кои се свесни за своите квалитети

Немирните деца имаат неограничена фантазија и сакаат да ја пробаат секоја идеја што ќе им падне напамет. Како возрасни, тие покажуваат и креативен пристап во сите сфери од животот. Од друга страна пак, знаат дека заслужуваат да бидат сакани безусловно и дека нема потреба да се однесуваат на одреден начин за да стекнат љубов.

Повеќе од играчка: Кадифените мечиња ги смируваат децата кога мајка им не е во близина!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар