25 најшокантни откритија од изминатата година - Part 3

25 најшокантни откритија од изминатата година

13. Менување гени

(13)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Постојат многу научни откритија кои го промениле светот, а ова може да биде токму такво. Додека CRISPR/Cas9 менувањето на гени беше жешка тема на разговор во медицинските кругови, кинески доктори всушност успеале да ја користат оваа технологија за да ги „изменат“ гените кај пациент со рак.

14. 2^74.207.281 – 1

(14)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Во 2016 научниците открија нов прост број кој е најголем до сега. Всушност тој е толку голем (22.338.618 цифри) така што единствениот начин да се запише е бројот 2 да се стави на степен 74.207.281, а потоа да се одземе 1.

15. Големината на универзумот

(15)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Благодарение на телескопот Хабл, истражувачите од НАСА откриле дека универзумот можеби е многу понатрупан отколку што се мислело. Околу 10 пати повеќе, што значи 10 пати повеќе галаксии.

16. Почетокот и крајот на парализата

(16)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Научници создале инплант за мозокот којшто им дозволува на пациентите повторно да се движат. 24-годишниот Иан Букхарт е првата личност што ја пробала оваа технологија. Иако тој не можел да се помрдне веќе 6 години, користејќи ја оваа направа тој сега може да свири на гитара!

17. ЕМ погон

(17)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Ова е најлудиот сон на секој гик. Официјално познат како резонантен празен помошен мотор со радио фреквенција, наместо да користи гориво за поттурнување, оваа теоретска направа користи електромагнетни полиња. Многу едноставно, предизвикува движење без да се турка од нешто. И да, ова како да не се совпаѓа со Третиот Њутнов закон (секоја акција има еднаква и спротивна реакција), но сепак во НАСА и во КАСТ (Chinese Academy of Space Technology) имаат направено некои обиди.

18. Нови резервоари на хелиум

(19)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Иако е вториот најраспространет елемент во универзумот, нашите резерви најчесто ги добиваме од под земја. Научниците биле навистина возбудени кога пронашле огромен резервоар од овој гас во Танзанија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар