10 навики кои со сигурност ќе ви ги намалат менструалните болки

Неколку навики кои со сигурност ќе ви ги намалат менструалните болки

Доаѓаат оние денови во месецот кога се претворате буквално во „чудовиште“. Особено поради сите оние луѓе кои во текот на тие денови ве трпат и ви угодуваат. Со мало пребарување ги пронајдовме најдобрите совети за ублажување на менструалните болки. Ви откриваме неколку навики и совети кои проверено помагаат во текот на „оние денови“ и кои ќе направат да се чувствувате подобро и не толку непријатно. Заблагодарете ни се подоцна.

1-10-naviki-koi-so-sigurnost-kje-vi-gi-namalat-menstrualnite-bolki-www.kafepauza.mk_

1. Наспијте се

Што се однесува до нас, спиењето е лек за сѐ! За секое расположение и за секој проблем, бидејќи после спиењето сѐ изгледа некако поубаво и полесно, затоа што и самите се чувствувате така. Бидејќи во „оние денови“ сте прилично исцрпени, нервозни, надразнети и не ви е до ништо, на вашиот организам ќе му одговара одвреме-навреме да поспиете за да се опуштите, но и за да се згреете. Моментот на топлина е доста важен кога ве боли стомакот – кога ви е топло, вашиот крвоток е подобар што понатаму делува на намалување на болката. Значи, омиленото ќебенце во раце и веднаш во кревет.

2. Направете си топла купка

После опуштениот и топол сон, направете си топла купка. За уште подобро чувство и ефект, во водата додајте етерично масло за да си овозможите боговско уживање, како за духот, така и за телото. Ќе бидете како нови – многу поопуштени, со помалку болки и грчеви, но и порасположени.

3. Јадете редовно и разновидно

Бидејќи веќе сте исцрпени од болките, одвај станувате од креветот и се движите, не би било паметно да ги прескокнувате оброците. Дури и ако ви е мачно, морате да јадете и тоа најмалку 3 пати дневно. Јадете разновидна храна, здрава секако, а би било одлично ако успеете и да го избегнете сето она што е премногу масно, зачинето и „тешко“ и тоа особено во доцните часови. Фокусирајте се на намирниците кои се богати со железо и витамин Б. Во својата исхрана додајте и корен од ѓумбир кој е одличен против болки, а ако не ви пријаат, тргнете се и од млечните производи.

2-10-naviki-koi-so-sigurnost-kje-vi-gi-namalat-menstrualnite-bolki-www.kafepauza.mk_

4. Јадете чоколадо

О да, слатките се дозволени во „оние денови“, бидејќи во спротивно, како би преживеале? Чоколадото е вистински десерт за сите сетила, а богато е со железо (помага против заморот) и магнезиум (за подобро расположение). И да, чоколадото е поим за среќа. Доволно е кажано.

5. Внесувајте доволно течности

Всушност, ова би требало да го практикувате во текот на сите, а не само во „оние“ денови. Во согласност со потребите и стилот на живеење, пијте што е можно повеќе вода (до 2 литри), топли чаеви, овошни сокови, а особено сок од ананас, бидејќи е богат со ензимот бромелаин кој ги ублажува болките и воспаленијата. Само избегнувајте ги ладните и газирани пијалаци. Потребна ви е топлина.

6. Практикувајте јога

Знаеме дека ве мрзи да се движите и да живеете кога ќе добиете, но лесната физичка активност, ништо напорно и стресно, се препорачува за да се чувствувате подобро. Физичката активност ги загрева вашите мускули, а како што веќе кажавме, топлината позитивно влијае на крвотокот кој понатаму позитивно влијае на отстранувањето на болките и грчевите. Запомнете, не правите ништо напорно. Клучот е во тоа да се опуштите и загреете, а не да ви биде уште полошо.

3-10-naviki-koi-so-sigurnost-kje-vi-gi-namalat-menstrualnite-bolki-www.kafepauza.mk_

7. Избегнувајте ги тажните филмови и песни

Во текот на „оние денови“ сте доста чувствителни и можете да се расплачете за секоја ситница. Затоа, немојте да го поттикнувате тоа специфично расположение со гледање или слушање тажни филмови и песни, бидејќи не мора да значи дека после плачењето ќе се чувствувате подобро од претходно. Менструацијата е чудна состојба и она што важи во „регуларниот“ живот, дефинитивно не важи и во текот на оваа состојба.

8. Јадете банани

Веќе ја спомнавме разновидната и здрава храна, но треба да ги нагласиме бананите кои се особено добри во текот на циклусот. Бананите се богати со витамин Б6 кој е одличен против грчеви, како и калиум кој ја спречува надуеноста и го подобрува исфрлањето на вишокот течности. А бананите се скоро вкусни како чоколадото.

9. Опуштете се со масажа

„Оние денови“ би требало да ги разубавите колку што можете повеќе. А целата таа тензија, нервоза, болки, грчеви… Па, потребно ви е мало опуштање, зар не? За тоа одличен избор се масажите и облогите кои ќе ги збогатите со етерично масло од камилица, лаванда или јасмин. Додајте ги во бадемовото или бебешкото масло и препуштете се на уживањето.

10. И не заборавајте редовно да ги менувате влошките

На крај, иако се подразбира, сепак ќе ве потсетиме. Во текот на „оние денови“ е доста важно да водите сметка за хигиената, кои влошки ги користите како и за тоа редовно да ги менувате. Само така ќе ги спречите евентуалните иритации и инфекции кои понекогаш се полоши дури и од менструалните болки. Кога ќе пронајдете влошки кои се удобни, пријатни и сигурни, ќе имате една грижа помалку во текот на „оние денови“.

Погледнете ги и овие неколку начини како да ги ублажите предменструалните симптоми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар