23-годишна жена е најмладата баба на светот

Кога ќе го слушнете зборот баба, што прво ви паѓа на памет? Најверојатно си замислувате постара жена со бела коса и бастун која сака да ви прави колачиња. А за што сигурно не помислувате кога ќе го слушнете зборот баба? На 23-годишна жена.

23-годишна жена е најмладата баба на светот

На 23, повеќето од нас се обидуваат да го пронајдат својот пат со одење на факултет, работење или пак почнување семејство. Сè досега немаше 23-годишник кој го планира раѓањето на својот внук. Но, една жена ја има титулата најмлада баба, на возраст од само 23 години. Иако звучи како епизода од некое реално шоу, приказната е вистинита. Рикда Станеску од Романија, ја родила својата ќерка кога имала само 12 години. Таа се надевала дека ќерка ѝ, Марија, нема да остане бремена во младоста. Но Марија го направила токму тоа, на само 11-годишна возраст. Неодамна таа родила здраво машко бебе, па Рикда станала баба.

23-годишна жена е најмладата баба на светот

Можеби нам ни изгледа чудно, но Рикда е ромска циганка и во нивната култура бракот и мајчинството е нормално да се искусат на млада возраст. Кога имала 11 години, Рикда се венчала со 13-годишно дете избегнувајќи да се венча со момче кои татко ѝ сакал да биде со нејзе.

23-годишна жена е најмладата баба на светот

Рикда се борела за нејзината ќерка да остане во училиште и да продолжи со образованието наместо да ги следи нејзините чекори. Но, и покрај напорите, Марија била венчана на 10-годишна возраст и веднаш останала бремена. Иако Рикда не е воодушевена од одлуката, таа изјавила:

„Среќна сум што сум баба, но сакав нешто повеќе за Марија, и нешто повеќе за мене. Не ја спречив ќерка ми во венчавката бидејќи тоа е традицијата, тоа се случува.“

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар