Народни верувања за февруари: Што ни носи најкраткиот месец во годината?

Февруари е посебен месец – краток, колеблив и неодлучен… тој ќе помине за миг. Сепак, како и за секој друг месец во годината, така и за овој постојат народни верувања што нашите баби и дедовци ни ги пренесуваат и нам. Тие цврсто веруваат во нив, но новите генерации се малку поскептични. Сепак нема штета во тоа да се знаат, па затоа и решивме да ги споделиме со вас… Што мислите вие за овие народни верувања за февруари?

Народни верувања за февруари: Што ни носи најкраткиот месец во годината?

Родените во февруари треба да знаат дека се родени во најсреќниот месец од годината. Токму затоа и сè ќе им оди од рака и ќе имаат многу голем напредок. Личностите родени во февруари ќе бидат одлични во училиште, па затоа и неретко стануваат интелектуалци и познати луѓе. Тие сакаат да патуваат и да запознаваат нови култури. Најголемата опасност им доаѓа од умот, па затоа и треба да внимаваат да не станат премногу горди. Кога е здравјето во прашање, тие најчесто имаат проблеми со нозете, очите и забите.

Февруари е одличен месец за раѓање, но исто така е совршен и за оние што планираат свадба. Според народните верувања, февруарските свадби се долготрајни, скоро како судени.

Нашите предци ја предвидувале целата година врз основа на случувањата во природата за време на овој месец. Но, тоа не се бабини деветини, многу од овие народни прогнози и ден денес се остваруваат. На пример, ако убавото време во февруари ги измами мувите да излезат од зимскиот сон, март најверојатно ќе ги убие сите со својата променливост. Од друга страна пак, ако мачка се сонча на февруарското сонце, тогаш во март повторно ќе биде склопчена покрај печка.

Ако на Свети Трифун падне дожд, сливата ќе биде многу плодна таа година, но ако времето е сончево и топло во текот на целиот овој месец, зимата ќе се одложи, па може дури и снег да падне во март.

Прочитајте ги и овие 10 работи кои треба да ги знаете за личностите родени во февруари!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар