20 нешта кои различните луѓе ги прават различно: Ако сте едни од нив, ќе сфатите…

Занесени, непредвидливи, мечтатели, малку изгубени во времето, интуитивни, љубопитни, со силни емоции… За овие луѓе повеќето би рекле дека тие се малку чудни, различни од останатите или на кратко, креативни! Има нешто шармантно и неодоливо кај нив, поради начинот на кој го гледаат светот. Но, што е тоа што толку издвојува овие луѓе од толпата?

20 нешта кои различните луѓе ги прават различно: Ако сте едни од нив, ќе сфатите...

1. Тие добиваат инспирација во најнеочекувани моменти. Тие не можат да претпостават кога ќе се појави нивната следна голема идеја. Таа едноставно ќе се појави, на најмалку очекуваниот начин и во најмалку очекуваниот момент.

2. Тие мечтаат. Многу. Физички можеби се покрај вас, но психички дефинитивно се многу оддалечени. Многумина од нив можат дури и да одлетаат со своите мисли во кој било момент, без разлика што прават.

3. Лесно им станува здодевно. Тие треба да бидат стимулирани за да останат активни, па токму затоа и не можат да се фокусираат на нешто што не им се допаѓа.

4. Го набљудуваат светот со детски очи. Дел од нив никогаш не расте, па токму затоа и толку невино и безгрижно гледаат врз светот.

5. Неуспехот не ги обесхрабрува. Животот не е секогаш лесен за креативните луѓе, особено за оние кои професионално работат со тоа. Но, без разлика колку неуспеси ќе доживеат, тие сепак ќе се воздигнат и на крајот ќе успеат.

6. Ретко можат да најдат озбилна работа. Не е лесно да се биде прифатен како креативна личност, особено кога најблиските очекуваат нешто друго од вас. Но, вистинските креативци нема да дозволат тоа да ги спречи во следењето на нивните соништа.

7. Тие ќе го следат своето срце, иако нивниот ум често го мисли спротивното. Креативните луѓе помалку се грижат за проблемите и многу повеќе ризикуваат. Ова можеби ќе им донесе илјадници неуспеси, но истовремено и милион задоволства.

8. Можат да се изгубат во времето. Кога тие нешто прават, многу лесно можат да заборават да јадат, пијат, па дури и да спијат. Кога идеите ќе почнат да излегуваат од нивниот ум, ништо друго не им е важно.

9. Тие работат кога вие спиете, а спијат кога вие работите. Како што веќе спомнавме, ним инспирацијата им доаѓа во најнеочекуваните моменти. Сè што треба да направат е да ја прифатат и да направат нешто големо од неа.

10. Онаму каде што луѓето гледаат потешкотии, тие гледаат можности. Тие секогаш ја гледаат светлата страна и брилијантно излегуваат од проблемите на најнеобични начини.

11. Тие во еден момент го љубат своето дело, а веќе во следниот го мразат. Овој феномен е навистина голема мистерија, но постои еден вид процес кој ги прави исклучително променливи кога станува збор за мислењето за своите дела.

12. Скромни се и горди во исто време. Тие се секогаш подготвени да учат, но ќе бидат исклучително горди и самоуверени кога се во прашање нивните дела.

13. Секогаш бараат нови начини на изразување. Без разлика дали се професионалци, или едноставно само креативни личности, тие знаат дека не постои само еден начин на изразување.

14. Постојано ги одложуваат нештата. Дајте им рок и тие ќе го почитуваат, но можете да бидете сигурни дека 90% од задачата ќе ја завршат вечерта претходно.

15. Не сакаат граници. Правилата и границите не се за нив. Многу популарни креативни луѓе во историјата биле означени како бунтовници.

16. Често не сакаат броеви. Тие се сјајни и навистина можат да ве изненадат, но доколку им дадете математичка задача брзо ќе сфатите дека тие не ги сакаат бројките.

17. Тие се неверојатни набљудувачи. Често ги набљудуваат луѓето и ги забележуваат дури и најмалите детали поврзани со нив. Всушност, луѓето се огромна инспирација за нивното следно дело.

18. Секогаш создаваат нови искуства. Како што веќе спомнавме, тие мора да бидат стимулирани за да бидат креативни. Постои ли подобар начин да го направат тоа од правењето нешто кое немале можност да го направат претходно?

19. Доколку нешто не им се допаѓа, ќе направат сè од почеток. Без разлика до каде стигнале со своето дело, доколку нешто во одреден момент не им се допаѓа, тие нема два пати да размислат за да почнат од ново.

20. Тие љубат. Го сакаат животот, луѓето, емоциите, животните, убавината… Тие можат во тишина да гледаат во зајдисонцето, уживајќи во секој момент, или пак да бидат со денови возбудени за следната голема ликовна изложба во градот. Нивната љубов е заразна, па ако имате вакви пријатели, држете ги покрај себе. Тие без сомнение ќе го направат вашиот живот малку поубав!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар