Тест: На кој фототип припаѓа вашата кожа и колкава заштита ѝ е потребна од сонцето?

Одговорете на следниве неколку едноставни прашања, соберете ги поените и откријте на кој фототип припаѓа вашата кожа и колкава заштита ѝ е потребна од сонцето…

Тест: На кој фототип припаѓа вашата кожа и колкава заштита ѝ е потребна од сонцето?

1. Која е природната боја на вашата коса?

а) црвена (0)

б) руса (1)

в) кафеава (2)

г) црна (3)

2. Каква боја се вашите очи?

а) сина или зелена (0)

б) светло кафеава (2)

в) темно кафеава (3)

3. Каква боја е вашата кожа?

а) млечно бела (0)

б) светла (1)

в) умерено темна (2)

г) маслиново кафеава (3)

д) црна (4)

4. Дали имате пеѓи?

а) да (0)

б) неколку (1)

в) не (2)

5. Дали вашата кожа поцрвенува на сонце

а) секогаш (0)

б) понекогаш, ако не ја заштитам добро (1)

в) ретко (2)

г) никогаш (3)

6. Дали потемнувате на сонце?

а) не, никогаш не поцрнувам (0)

б) слабо, после многу време поминато во сончање (1)

в) да, после неколку денови сончање (2)

г) да, многу брзо (3)

  • Резултати:

    0-1 поени: Фототип 1

    Вашата кожа има многу слаба природна одбрана од сонцето, па затоа е и чувствителна и склона на изгореници. Трудете се што помалку време да поминувате изложени директно на сонцето, носете шешир и секогаш мачкајте се со крема со висок фактор за заштита. Без разлика на бојата на косата или очите, доколку вашите деца спаѓаат во оваа група, потребно е соодветно да ги заштитите од сонце.

    Препорака: Заштитен фактор 50+

    2-7 поени: Фототип 2

    Сончајте се постепено и внимателно. Избегнувајте го сончањето во периодот од 11 и 17 часот бидејќи тогаш сонцето е најсилно. Користете препарати со висок фактор на заштита и нанесувајте ги неколку пати во текот на денот, особено по пливањето. Не заборавајте да ги заштитите вашите усни, како и косата.

    Препорака: Заштитен фактор 30

    8-12 поени: Фототип 3

    Првите неколку денови од сончањето користете крема со висок заштитен фактор (30), а потоа можете да преминете слободно и на помала заштита (20 или 15). Доколку се наоѓате во предел каде што степенот на сончевото зрачење е многу висок (тропски краеви, високи планини или во близина на површина која го рефлектира сонцето) препорачливо е цело време да користите креми со висок степен на заштита.

    Препорака: Заштитен фактор 30, 20 и 15.

    Над 13 поени: Фототип 4

    Вашата кожа има висок степен на природна заштита од сонцето, па токму затоа и скоро никогаш не горите и веднаш добивате потемен тен. Но, тоа не значи дека не треба да користите заштитен фактор. Во оние денови од денот кога сонцето е најјако, потребно е да се заштитите со низок фактор, особено во првите денови од изложувањето на сонце.

    Препорака: Заштитен фактор 10, 6 и 0

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар