Секојдневни навики кои сигурно не сте знаеле дека многу ѝ пречат на вашата вагина

Погледнете ги следниве неколку секојдневни навики кои можат да доведат до големи проблеми со вашата вагина. Доколку не внимавате, вие би можеле да се здобиете со различни видови габични инфекции и други проблеми кои ќе резултираат со итна посета на вашиот гинеколог.

Секојдневни навики кои сигурно не сте знаеле дека многу ѝ пречат на вашата вагина

Грешка 1: Сакате да се разбудите и вашата вагина да мириса на ружи

Најголемиот мит за вагините е дека тие мирисаат на кој било начин кој е неприфатлив. Но, пред да почнете да носите избрзани заклучоци, не заборавајте дека освен ако немате сериозен проблем со вашиот репродуктивен систем, сите видови природни миризби се сосема нормални. Вагините не треба да мирисаат како цвеќиња или на ванила, па токму затоа и нивната миризба не треба да се гледа како нешто што треба да биде „поправено“, па отстранете ги сите препарати кои ги имате за оваа цел, бидејќи тие можат да го нарушат нејзиниот pH баланс и да создадат габична инфекција.

Грешка 2: Здравјето на вашата вагина зависи од материјалите од кои е направена вашата долна облека

Исто како и вашата филозофија за љубовта, така и вагините сакаат да можат да дишат наместо да бидат згушени. И покрај тоа што евтината долна облека може да ви заштеди некој денар, таа најчесто не е направена од квалитетен материјал и влијае многу негативно врз нејзиното здравје. Па, наместо да ѝ штетите на вашата вагина, сменете ги евтините гаќички со памучен сет. Природните влакна ќе одржуваат здрава околина за најчувствителниот дел од вашето тело.

Грешка 3: Лошиот вид влажност таму долу

Сите ние се согласуваме дека за време на летните денови најдоброто место каде што може да се биде е некаде во близина на вода, изложени на сонце. Но, кога се сончате, треба да внимавате сончевите зраци да ги сушат вашите мокри бикини. Доколку со часови седите во мокри костими за капење, вие ќе создадете совршена атмосфера за бактерии. Истата ситуација настанува и кога ќе носите испотени алишта за вежбање, кои ја одржуваат влажноста во вагината. Се сеќавате на мувлата која расте на вашите константно мокри делови околу кадата? Епа запомнете го тоа следен пат кога ќе оставите на вас мокри костими за капење или алишта.

Грешка 4: Несоодветен детергент за перење алишта

Доколку се чувствувате непријатно таму долу, тоа не секогаш значи дека вашето тело е виновно. Вагината е многу чувствителна на промени, па токму затоа и детергентите кои се со интензивни миризби можат да ја иритираат. За да го избегнете овој проблем, инвестирајте во детергент кој е без миризба и специјално дизајниран за чувствителна кожа. Истото се однесува и на миризливите лосиони и сапуни.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар