Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Жените обожаваат мода. Чевлите и дијамантскиот накит се сметаат за најдобрите модни додатоци, па токму затоа и воопшто не нè изненадува фактот дека кога тие се споени во еден продукт, на секоја жена би ѝ било скоро невозможно да им одолее. Дури и покрај цената. Погледнете ги 10-те најскапи штикли моментално во светот, кои целосно ќе ве остават без зборови.

10. Дијамантски високи потпетици од соништата (500.00 долари)

(1) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Стјуарт Вајцман ги создал овие штикли за Аника Нони Роуз со цел да ги носи за доделувањето на Оскарите во 2007 година. Тие се покриени со 1.420 дијаманти, кои се поставени во кружна форма на врвот.

9. Оригиналните чевли со рубин од филмот „Волшебникот од Оз“ (612.000 долари)

(2) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Постојат само 3 пара од овие чевли во светот. Тие се помеѓу најскапите филмски сувенири од постоењето на филмската индустрија. Еден од овие 3 пара се наоѓа во музејот Смитсониан во Вашингтон.

8. Мерлин Монро (1.000.000 долари)

(3) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Овој елегантен пар чевли бил дизајниран од страна на Стјуарт Вајцман за Реџина Кинг, додека оди по црвениот тепих во 2005 година. Дијамантите кои се вметнати во дизајнот доаѓаат од обетки кои самата Мерлин ги носела, па токму затоа и го добиле нејзиното име.

7. Ретро Ружа (1.000.000 долари)

(4) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Стјуарт Вајцман се наоѓа и зад овие чевли чиј дизајн нè навраќа во 40-тите години. Ружите на овие штикли се направени со 1.800 дијаманти „Kwiat“, додека пак уште 400 дополнителни дијаманти се инкорпорирани во самите чевли.

6. Високи потпетици од платина (1.100.000)

(5) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Овие чевли биле првиот милионски пар со поголем број кој некогаш се нашол на црвениот тепих. Тие во себе содржат 464 дијаманти „Kwiat“, а биле направени за актерката Лора Харинг.

5. Чевли од рубин, дизајнирани од Стјуарт Вајцман (1.600.000)

(6) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Штиклите инспирирани од филмот „Волшебникот од Оз“, овој пат направени од страна на Стјуарт Вајцман, се обвиени со 640 рубини „Burma“. Тие се наоѓаат врз елегантен црвен сатен.

4. Сини високи потпетици (2.000.000 долари)

(7) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Вајцман, во соработка со дизајнерот за накит Еди Левиан, создале неверојатни штикли чиј надворешен слој има 26-каратни дијаманти.

3. Пепелашка (2.200.000 долари)

(8) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Овие чевли се направени од платина. Стаклените чевли инспирирани од бајката за Пепелашка се декорирани со 565 дијаманти „Kwiat“, додека пак десната чевла има и редок 5-каратен амарето дијамант, кој вреди повеќе од 1 милион долари.

2. Рита Хејворт (скоро 3.000.000 долари)

(9) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Сатенските штикли со отворени прсти и „ружа“ која крие рубини, сафири и дијаманти, во моментов се најскапите чевли во светот. Но, тие не се за продажба. Во јавноста прв пат ги носела актерката Катлин Јорк на доделувањето Оскари во 2006 година, додека пак, денес се во сопственост на ќерката на Рита Хејворт, принцезата Јасмин Ага Кан.

1. Чевли од рубин, дизајнирани од Хари Винстон (3.000.000 долари)

(10) Погледнете ги 10-те најскапи штикли во светот

Овој дизајн на Хари Винстон моментално е најскапиот пар женски чевли кои можете да го најдете во светот. Биле потребни 2 месеца секојдневна работа за да се состави овој пар, кој има 4.600 рубини во него.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар