13-те најскапи раси на мачки

Нашите миленичиња ни се како семејство, и некои луѓе навистина не штедат за додавање нов член на семејството, особено кога станува збор за мачки. Погледнете кои раси на мачки се најскапи во светот.

1. Американска мачка со тврдо крзно

(1)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mk

Цена: од 900 до 1.000 евра.

Ако сте обожаватели на мачки со уникатен изглед, овој вид е за вас. Оваа мачка има необично тврдо крзно. Првата од видот била откриена во 1966 година во Њујорк. И машките и женските може да достигнат тежина до 5 килограми.

2. Рагдол

(2)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mk

Цена: од 700 до 1.100 евра

Овој вид е создаден во Калифорнија, во 1960-тите. Овие мачки се едни од најголемите. Возрасните мажјаци може да достигнат тежина и до 9 килограми.

3. Кадрава американска мачка

(3)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mk

Цена: од 700 до 1.100 евра

Името го добила поради обликот на ушите. Првата мачка од овој вид е забележана во Калифорнија, околу 1981 година. Во 1963 почнало нејзиното селективно размножување, со цел да се зачува генот.

4. Кадрава шкотска мачка

(4)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mk

Цена: од 700 до 1.300 евра

Цената на овој вид зависи од шарите и од потеклото. Овие мачиња не само што се едни од најскапите, туку и нивното осигурување има највисока цена.

5. Сибирска мачка

(5)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mk

Цена: од 1.100 до 1.400 евра

Ако сакате големи бушави мачиња, можеби ќе ви се допаднат овие. Прв пат се забележани околу 1000-тата година од нашата ера. Тие потекнуваат од сибирските шуми, па од таму го добиле и името.

6. Британска мачка со кратко крзно

(6)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mk

Цена: од 700 до 1.500 евра

Овој вид бил донесен од Египет во Велика Британија. Години подоцна, видот бил вкрстен со Персиската мачка што довело до пократко крзно. Овие мачки се со среден раст.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар