10 работи кои веројатно не сте ги знаеле за Хенри VIII

10 работи кои веројатно не сте ги знаеле за Хенри VIII

Дали некогаш сте се интересирале за кралските фамилии? Можеби за Тудорите? Па, имаме супер вест за вас. Денес издвојуваме 10 необични факти поврзани со Хенри VIII, кои досега веројатно не сте ги чуле. Хенри всушност бил поразличен од неговото претставување на екраните како темпераментен, крволочен, горд и ненаситен човек. Дека имал многу жени, тоа е точно, но погледнете кои се другите негови особини, кои сигурно ќе ве подзамислат.

(0) 10-raboti-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-za-Henri-VIII-kafepauza.mk

1. Ги знаел слугите по име

Додека повеќето кралеви грубо и понижувачки се однесувале спрема своите поданици, тоа не бил случајот со Хенри VIII. Тој ги знаел имињата на сите негови слуги, што истовремено ги воодушевувало, но и ги плашело. Секогаш знаел кого треба да обвини, но и кого треба богато да го награди.

2. Бил преплашен од чумата

Секако, сите се плашеле од Црната смрт, но Хенри бил толку преплашен, што целосно се повлекол во дворецот и не излегувал. Додека другите се обидувале да се спасат со билки и напитоци, тој се затворил внатре и „хибернирал“.

3. Страстен колекционер

Хенри VIII имал најразлични колекции. Обожавал гоблени и се смета дека имал една од најголемите колекции, што некогаш постоела. Исто така, бил заљубен во илјадниците пиштоли и многуте куќи што ги поседувал. Сигурно имал солидна колекција недвижнини.

4. Не умеел со финансиите

Доколку мислите дека вие сте во долгови, замислете си ја истата ситуација во едно кралство. На почетокот на владеењето на Хенри VIII, во касата на Англија имало многу парични средства, но некои негови лоши финансиски одлуки, толку многу го чинеле, што сепак не умрел како богат крал, туку со празна каса и огромни долгови зад себе.

5. Бил среќно оженет… со постара жена

(1) 10-raboti-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-za-Henri-VIII-kafepauza.mk

Сите знаеме за 6-те жени на Хенри, но не и дека бил среќно оженет со првата жена, Катерина Арагонска. Таа првин била земена со постариот брат на Хенри, но по неговата смрт, татко му наредил Катерина да се земе со Хенри VIII, за да може полесно да склучи сојуз со Шпанија. Таа била седум години постара од него и биле во брак речиси 20 години. Како крал, Хенри VIII сметал дека има одговорност зад себе да остави машки наследник, но бидејќи Катерина не му родила син, го поништил бракот и преминал на наредната жена.

6. Не му требале доктори

Покрај многуте нешта, Хенри бил и многу независен. Страдал од многу болести и иако имал цел дворец доктори, бил способен да прави свои лекови и самиот да се грижи за себе. Се зборувало дека имал сифилис и дијабетес, но тоа сѐ уште не е докажано.

7. Бил талентиран музичар

Сте помислувале ли некогаш дека Хенри VIII би можел да биде талентиран музичар? Се смета дека англиската народна песна „Greensleeves“ е токму негова. Исто така, доколку сте фан на Jethro Tull, тогаш веќе сигурно знаете дека популарната „Pastime with Good Company“ е напишана од Хенри. Поседувал многу флејти, кои исто така биле дел од богатите колекции.

8. Бил наградуван писател

Сигурно си мислите „Па добро, бил крал, кој не би му дал награда?“, но вистината е дека Хенри навистина бил талентиран писател, кој зборувал многу јазици и бил добро образован.

9. Бил крупен човек

(3) 10-raboti-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-za-Henri-VIII-kafepauza.mk

Како што е и прикажано на самите екрани, Хенри VIII навистина бил покрупен човек. Обемот на струкот му изнесувал 122 сантиметри, а бил висок речиси два метри. Па, вие самите заклучите, дали некој можел да му противречи.

10. Женкар… ама и добар крал

Хенри бил многу, многу харизматичен. Жените паѓале не само на богатството, туку и на шармот. Без сомнение, огромен женкар. Шест жени и неколку љубовници во текот на еден живот.

Како и да е, лошите финансиски одлуки, наседнувањето на измамите од куртизаните, понекогаш и на сопругите, го докусуриле кралот. Хенри VIII останал запаметен како личност со бескрупулозен карактер, но и како многу посебен и единствен лик.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар