Повеќе профили на Фејсбук со една (џ)имејл адреса

Сакате да отворите повеќе од еден профил на Фејсбук служејќи се со истата имејл адреса? – Прашањето е „зошто?“. Сериозно, имате повеќе од еден идентитет? Како и да е, знаеме дека понекогаш е корисно да се поседува втор профил за демнеење на луѓето кои ни се допаѓаат, за фирмите за кои би било посоодветно да имаат страница, но ја преферираат попознатата варијанта или пак за оние кои ја злоупотребуваат мрежата за поголема промоција. Доколку се пронаоѓате погоре, сè што ви треба за овој трик е една активна адреса на џимејл.Повеќе профили на Фејсбук со една (џ)имејл адресаЏимејл не ја препознава точката во имјел адресите, па независно дали вашата гласи:

  • вашето.име@gmail.com
  • вашетоиме@gmail.com
  • вашетоим.е@gmail.com
  • ваш.етоиме@gmail.com,

вие ќе ги добивате испратените пораки, а фејсбук секоја од овие адреси ќе ја третира како различна и согласно тоа, ќе ви овозможи да креирате профил со секоја од нив.

Доколку имате адреса на џимејл, пробајте да си испратите порака на самите себе, испробувајќи неколку различни варијанти и ќе се уверите во успешноста на трикот. Но, побрзајте и бидете тивки – фејсбук сè уште не знае за овој пропуст на џимејл, но не значи и дека така ќе остане.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Киро Велковски Reply

    Мислам ова не е според стандарди… Порано имаше други начини. На пример ime@sajt.com или ime(ovastosakastuka)@sajt.com или ime+ovastosakastuka@sajt.com … Кого не го мрзи нека проба :)

Остави коментар