Пенкало со кое можете да цртате струјни кола

Circuit Scribe е пенкало кое пишува со спроводливо сребрено мастило, благодарение на кое секој може да направи свое електронско коло низ креативен процес на цртање и поврзување. Наменето е за креатори, едукатори, деца, артисти и луѓе кои сакаат да експериментираат со „направи сам“ проекти. Мастилото не се размачкува и нема потреба да се чека да се исуши, па така со исцртување на линии врз парче хартија, лесно можете да нацртате функционално струјно коло, на кое ќе поврзете батерии, ЛЕД диоди и слично за да добиете функционален електронски уред.

Пенкало со кое можете да цртате струјни колаПенкало со кое можете да цртате струјни колаПенкало со кое можете да цртате струјни кола

Изумот е дело на Брет Вокер и Аналиса Русо од Electroninks Incorporated кои го покренале проектот на сервисот Кикстартер за да соберат пари за производство на пенкалата за масовна потрошувачка по достапни цени. Засега одлично им оди, а за вљубениците во електронските креации, тие нудат и разни пакети со електронски елементи за да им ја направат забавата со Circuit Scribe уште поинтересна.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар