Моќно музичко видео нè потсетува дека сите луѓе се убави

Моќно музичко видео нè потсетува дека сите луѓе се убави

Живееме во време кога медиумите секојдневно се обидуваат да постават нови неостварливи и нереални дефиниции за убавината, па токму затоа и неретко се случува да сме несигурни во себе и начинот на кој изгледаме. Но, благодарение на голем број артисти со големо влијание ширум светот, кои не се потпираат на овие дефиниции, одвреме-навреме добиваме потсетници и дека убавината е во сите нас, на сосема уникатен и различен начин.

Моќно музичко видео нè потсетува дека сите луѓе се убави

Видео спотот за новата песна на The Maine, „Am I Pretty?“ нè потсетува токму на тоа. Несигурностите кои ги гледаме на нашето тело постојат само во нашите очи, но биле наметнати од нереалните дефиниции за убавина кои владеат со светот и кој едноставно никој не може да ги достигне (и да биде во совршено здравје истовремено). Погледнете го нивното инспиративно видео кое целосно ќе ви го смени начинот на кој се гледате во огледалото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар