Исклучително талентираната виолинистка Линдзи Стирлинг

Јутјуб-сензацијата Линдзи Стирлинг е можеби првата (и единствената) артистка во светот која направила комбинација од класична виолина, модерен танц и од… Легендата за Зелда?!Исклучително талентираната виолинистка Линдзи СтирлингНа 18 септември 2012 година Линдзи го издаде својот прв албум, наречен Линдзи Стирлинг кој бил инспириран од неверојатно успешното присуство на нејзините песни на Ајтјунс. Составен од 10 оригинални песни, албумот совршено го доловува специфичниот виолина-дабстеп стил на Линдзи. Таа компонира, прави кореографии и ги режира сите свои оригинални музички дела и спотови. Целосната колекција на видеата можете да ја најдете на нејзиниот канал на Јутјуб.Исклучително талентираната виолинистка Линдзи Стирлинг

„Мојот музички стил е одраз на мојата личност и се надевам дека преку него ќе ги споделам моите верувања дека никој не смее да се плаши од себе. Сите мои песни беа создадени така што опишуваат специфични теми кои јас ги извлеков од моите лични животни искуства. На пример, „Spontaneous Me“ е за храброста да се сакате себеси какви што сте. Од друга страна „Crystallize“ е многу подлабока песна: кристализирањето на водата е под влијание на нејзината околина и на тој начин се создаваат или прекрасни облици или безначајни маси. Слично на тоа верувам дека преку нашите мисли и околината која ја креираме, поседуваме моќ да направиме позитивна промена во нас и во другите околу нас.“

Исклучително талентираната виолинистка Линдзи СтирлингЉубовта кон класичната музика на Линдзи започнала со бесплатните концерти во нејзиниот град и со музиката на Чајковски, Бетовен и Моцарт која секојдневно била слушана во нејзиниот дом. На 5-годишна возраст таа ги молела нејзините родители за часови по виолина. По една година, нејзината мајка конечно попуштила и нашла професор кој можеле да си го дозволат и кој ќе ѝ одржува на Линдзи 15-минутни часови секоја втора недела. Таа се надевала дека на младата Линдзи брзо ќе ѝ здодее, но по 20 години тоа сè уште не се случило. Погледнете мал дел од нејзината музичка колекција:

И за крај погледнете го и ова неверојатно видео за кое таа вели дека е најзначајното нешто кое го направила досега:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Marija Reply

    Prekrasno.. :)

Остави коментар