10 музички хитови од минатото на кои сигурно сте заборавиле

10 музички хитови од минатото на кои сигурно сте заборавиле

Поп музиката е навистина непостојана. Дури ни најдобрите продуценти и артисти не знаат која песна би можела да стане огромен хит. Многу често бендовите и артистите кои прават еден голем хит, наскоро потоа се распаѓаат или исчезнуваат. Ако се доволно среќни, може да доживеат уште еден слично добар хит пред да бидат заборавени. На оваа листа погледнете ги најпознатите хитови од бендовите и артистите кои имале само „5 минути слава“.

10-hitovi-od-minatoto-za-koi-sigurno-ste-zaboravile-kafepauza.mk

1. „Take on Me“ – A-ha

Норвешкиот бенд покрај чудното име, имаше и одличен звук, барем кога станува збор за „Take on Me“. Овој хит од 1985 година брзо ги освои топ листите благодарение на речиси совршената комбинација од синтисајзерски поп со акустични гитари и клавијатури. Заедно со незаборавниот видео спот, оваа песна од 80-тите им овозможи место на A-ha во историјата.

2. „Tainted Love“ – Soft Cell

Оваа песна е од период кога британскиот њу вејв се трансформирал во поп музиката која ги дефинирала 80-тите. Во 1981 година овој необичен кавер со забавено темпо го освоил 8-мото место на топ листите.

3. „Na Na Hey Hey Kiss Him Goodbye“ – Steam

Понекогаш потребно е малку за една песна да стане класика. Steam всушност бил фиктивен бенд, создаден од текстописецот Пол Лека, кој подоцна навистина создал група по успехот на синглот. Бендот се распаднал пред да може да направи нешто, па Пол направил нов.

4. „Bitter Sweet Symphony“ – The Verve

Британскиот алтернативен бенд не е многу познат, освен овој хит кој ја позајмил централната музичка тема од оркестарска верзија на „The Last Time“ од Rolling Stones. Овој хит добро се држи и денес и многу често се смета за најдобрата песна од 90-тите. За жал, на бендот му беше тешко да го повтори успехот по ова.

5. „99 Luftballons“ – Nena

Кој може да одолее на оваа весела песна од 1983? Заразната песна покрај интересниот звук, има и германски текст кој всушност е за меѓународна војна и нуклеарна апокалипса. Познатите црвени балони по грешка се забележани како НЛО, и се срушени од пилот предизвикувајќи конфликт кој водел до 99-годишна војна. Германската верзија стигнала до 2-ро место на топ листите, а англиската верзија стигнала до врвот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар