10 музички хитови од минатото на кои сигурно сте заборавиле - Part 2

10 музички хитови од минатото на кои сигурно сте заборавиле

6. „Come On Eileen“ – Dexys Midnight Runner

Додека повеќето бендови биле зафатени со синтисајзерот за да создадат хит, овој англиски бенд го освоил првото место со пијано, бас, тапани, виолина и фалцет рефрен. Оваа песна не би била хит во секоја ера, но била вистинско освежување за 80-тите. И овој бенд не успеал да го повтори својот успех.

7. „Play That Funky Music“ – Wild Cherry

Наводно, еден црнец им викнал на членовите на бендот: „Are you white boys gonna plays some funky music?“ (Дали вие бели момци ќе свирите фанки музика?) И останатото е историја. Членовите ја искористиле изјавата, малку ја промениле, додале музика и го објавиле нивниот единствен хит, број 1 во 1976 година. Песната е токму дело на 70-тите, нешто помеѓу диско и рок со незаборавен вокален перформанс и рефрен кој е невозможно да го заборавите.

8. „Tubthumping“ – Chumbawamba

Или премногу здодевен, или незаборавен, во зависност од тоа кого прашувате, единствениот хит на овој бенд со смешно име е повторлив сингл со рефрен и деликатни женски вокали. Песната наводно има и политичка тема, но секој си ја сфаќа различно.

9. „Kung Fu Fighting“ – Carl Douglas

Иако повеќето може не го препознаваат името на артистот, речиси и да не постои човек кој не ја слушнал песната „Kung Fu Fighting“. Оригинално издадена во 1974 година, во ерата на филмовите со боречки вештини како оние на Брус Ли, песната брзо ги освои топ листите низ целиот свет. Иако Даглас не успеал да го повтори успехот на песната, благодарение на овој хит тој успешно продал 11 милиони плочи.

10. „Who Let the Dogs Out?“ – Baha Men

Овој хит од 2000 година е всушност преработка на поранешна верзија напишана и изведена од Анлсем Даглас. Иако песната не се ни доближи до првото место на топ листите (едвај стигна до 40-то), без сомнение е огромен хит и културен феномен. Оваа песна е осудена да биде хит и за многуте генерации кои следуваат.

Погледнете и некои од најпознатите песни кои се направени според ужасни злодела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар