Книга: „Патот кон величественоста“ – Робин Шарма

За величествена 2015 година :)
1-kniga-patot-kon-velichestvenosta-robin-sharma-kafepauza.mkНаша оценка: 9/10
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 9.11 од 10)
Loading...Loading...

Не може да не сте слушнале за Робин Шарма. Освен ако не сте живееле во подрум изминатите години гледајќи исклучиво турски серии, додуша не би ме изненадило и таму во некоја епизода да го споменале. Значи, Робин Шарма е светски познат лидер и консултант кој работи со најголемите корпорации во светот, автор на книги за „самопомош“ а пред некое време сите вие ја читавте таа за калуѓерот и ферарито. Велам „сите вие“ затоа што јас очигледно сум живеела во подрум. Сериозно, книги за самопомош, мотивација, личен развој и слични такви ми се на дното на листата веднаш до книги за здрава исхрана. Нема врска тоа со книгите, туку со фактот дека мене тие не ми помагаат па не знам кој гуру да ги напишал. Плус, веројатно има дијагноза и за ова, ако видам повеќе од тројца во автобус како читаат иста книга во рок од една недела, нема шанси да ја фатам, да речеме дека од истите причини никогаш нема да ја прочитам таа со нијансите на сиво. Не прашувајте зошто.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Е сега прашањето, зошто рецензија токму за „Патот кон величественоста“ (имево стварно не ми помогна да ја сфатам книгава сериозно) и од кај ми падна на памет да ви препорачам книга за self-help токму за последната среда и воедно последен ден од оваа 2014 година? Оваа година ми постави две-три квалитетен сопки морам да признаам, па и на нам најдобрите (ха,ха) некогаш ни се случува да паднеме малку и ете да си побараме помош на, барем за мене, помалку типични начини. Си реков, нема што да изгубам (освен драгоцено време посветено на Suits) и решив да ризикувам. Конечно дојдов до поентата дека не погрешив и дека книгата стварно вреди.

2-kniga-patot-kon-velichestvenosta-robin-sharma-kafepauza.mk

Има нешто во овој Робин Шарма. Дали фактот дека воопшто не ја тупи со празни филозофии туку баш конкретно и концизно објаснува што има да каже, или поради тоа што често се критикува сам себе и не се поставува на пиедестал, не сум сигурна но не е ни толку важно затоа што ве дига буквално со првата страница. Не знам за претходните книги, ќе дознаам набрзо ветувам, но „Патот кон величественоста“ има мнооогу добри приказни од бизнис светот и од животите на интересни јавни личности. И кога него самиот не би го бивало за делење добри совети, човекот има неверојатна збирка од биографии и автобиографии од фаци кои вреди да се следат и доста нивни мудри мисли има инкорпорирано во самата книга. Робин Шарма е гласче што се всадува еднаш и тешко се откачува после. Дури цели два дена ми беше тешко да одложувам неодложни обврски поради него. :) Еве неколку реченици кои имаа таков ефект врз мене:

„Не постои неважен ден.“

„Просечните луѓе не трошат многу време на дополнително ангажирање. Но кој воопшто рекол дека вие сте просечни?“

„Никој од исклучителните луѓе што сум ги обучувал не стигнал таму каде што е без да работи повеќе од другите.“

„Бидете неверојатно енергични и лудо живи.“

На оние кои се навлечени на неговата магија веројатно нема потреба да им објаснувам зошто книгава им треба. Ова е повеќе за тие меѓу вас кои ги скокаат полиците на кои нема трилери, научна фантастика, Џон Грин и срцепарателни приказни. Ризикувајте со книгава, а потоа ризикувајте уште повеќе во 2015 година. Се надевам дека ќе биде навистина величествена. Среќни празници!

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 7 јануари 2015.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Goce Reply

    Dajte kniga sto ce bide procitana a ne dadena i ostavena vo skaf.
    So pocit Goce Asamati

Остави коментар