ТВ серија: Костуми (Suits)

ТВ серија за професионалните предизвици и за секојдневната борба да се биде најдобар во она што се работи

ТВ серија: Костуми (Suits)Главни улоги: Патрик Џеј Адамс, Габриел Махт, Рик Хофман

Жанр: драма, комедија

Креатор: Арон Корш

Премиера: 23 јуни 2011

Број на сезони: 2

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (55 гласа, просек: 9.78 од 10)

Loading...Loading...

Одамна не сме препорачале ТВ серија која е толку добра за да заслужи сериозна 9-ка. За ваква оценка, не е доволно таа да е само интересна, забавна и заразна, потребно е да биде сплет од овие неколку работи, но и да има нешто плус. Во „Костуми“ тоа е инспиративноста – чувството кое ви се создава додека ја гледате, кое ве држи кога ќе престанете и спонтано ги менува вашите погледи за професионалниот живот.ТВ серија: Костуми (Suits)Харви Спектор е успешен адвокат во престижна адвокатска компанија, кој е познат по својот остроумен шарм и по тоа дека секогаш победува. Неговите обврски наложуваат да најми асистент, чие место случајно го пополнува Мајк Рос. Мајк никогаш не завршил правни студии, но многупати полагал правосуден испит за други. Има неверојатна способност за помнење, доволно е само еднаш да прочита нешто за тоа да остане запаметено во неговата глава. Импресионирајќи го Харви на интервјуто за работа, тој ја добива шансата да го живее својот сон.ТВ серија: Костуми (Suits)Нека не ве одбива правниот аспект во приказната. Навистина, сè во серијата се базира на правото, но случаите се интересни, а нивното вешто решавање проследено со неуспеси и надмудрувања, „местенки“ и финти ќе направи да посакате да ја работите оваа работа, дури и ако вашиот сон е нешто друго. Хуморот во серијата е стегнат, вплеткан во куси интервали помеѓу редици сериозни правни дијалози. Просто, немате време да се изнасмеете кога ќе се случат.ТВ серија: Костуми (Suits)И глумата во серијата е фантастична. Ќе биде невозможно да не го сакате Харви Спектор, без разлика дали како љубовник или како ваш идол, да се воодушевувате на држењето на неговата шефица Џесика – сопственичката на фирмата, да го презирате неговиот опонент Луис, да посакате да имате колешка како неговата асистентка Дона и да сочувствувате со Мајк, кога се сопнува на интригите кои му ги приредуваат поискусните.ТВ серија: Костуми (Suits)Најсилно од сè е што во секоја епизода градуално се зголемува елементот на емотивност кој ги поврзува карактерите и прави да се чувствувате како да сте дел од нивниот живот.ТВ серија: Костуми (Suits)ТВ серија: Костуми (Suits)Досега се излезени вкупно 22 епизоди организирани во 2 сезони, но ако почнете да гледате „Suits“, брзо ќе сфатите зошто продолжението закажано за јануари, 2013 изгледа толку далечно.ТВ серија: Костуми (Suits)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Katerina Reply

    Само мала исправка серијата не е за сериозна 9ка, туку сериозна 10+++ 😀

  2. Suits Reply

    Токму така серијата е чиста 10ка, ја обожавам. :)

Остави коментар