Совети за самопомош при панични напади: Што да направите кога се чувствувате вознемирени?

Совети за самопомош при панични напади: Што да направите кога се чувствувате вознемирени?

Дали анксиозноста ја намалува вашата самодоверба и ве спречува да го живеете животот онака како што вие посакувате? Овие совети за самопомош при панични напади можат да ви помогнат да ја преземете контролата врз вашиот живот!

Совети за самопомош при панични напади: Што да направите кога се чувствувате вознемирени?

1. Идентификувајте ги причините кои ве вознемируваат

Што да правите кога се чувствувате вознемирени? Прво, идентификувајте што е тоа што ве тера да се чувствувате на тој начин. Тоа може да биде одредена ситуација, настан или мисла кои можат да предизвикаат вознемиреност. Вообичаени предизвикувачи за напади на анксиозност вклучуваат:

  •  Стрес
  • Одредени ситуации
  • Минати трауматски искуства
  • Негативни мисли

Откако ќе ги идентификувате причините за вознемиреност, можете да преземете чекори за да ги избегнете или да управувате со нив, што може да помогне да се намали зачестеноста и сериозноста на паничните напади.

2. Вежби за дишење

Преку одредени вежби можете да го контролирате дишењето и да го намалите интензитетот на симптомите на анксиозност. Вежбите за длабоко дишење, како на пример, дијафрагмално или стомачно дишење, можат да помогнат да се зголеми нивото на кислород во телото, при што ќе ви помогнат побрзо да се опуштите.

3. Не занемарувајте ја улогата на пријателите и семејството

Споделувањето на сопствените проблеми со луѓето кои ви значат е особено важно. Освен тоа, истражувањата покажале дека луѓето кои се поврзани со своите најблиски и пријателите се поспособни да се справат со анксиозноста.

4. Спијте доволно

Спиењето и анксиозноста се меѓусебно поврзани на начин што лошиот сон може да ја зголеми анксиозноста, а анксиозноста може да го наруши сонот. Анксиозноста може да предизвика негативни мисли, физичка напнатост и зголемен пулс, што може да го отежне заспивањето. Спротивно на тоа, недостатокот на сон може да ги влоши симптомите на анксиозност и да го отежне справувањето на организмот со стресот. Имајте на ум дека сонот е од суштинско значење за целокупното физичко и ментално здравје и помага да се регулираат расположението, когнитивните функции и нивото на стрес.

5. Урамнотежена и здрава исхрана

Одредена храна може да предизвика или да ги влоши симптомите на анксиозност, како што се кофеинот, шеќерот и преработената храна. Од друга страна, урамнотежената исхрана која вклучува овошје, зеленчук, протеини и здрави масти може да ги обезбеди потребните хранливи материи и енергија неопходни за нормалното функционирање на телото и умот. Здравата исхрана може да помогне и во регулирање на нивото на шеќер во крвта, што може да спречи промени во расположението. Освен тоа, консумирањето храна богата со магнезиум, како што се бадемите и спанаќот, може да помогне во намалувањето на симптомите на анксиозност.

6. Не занемарувајте ја моќта на позитивните мисли

Негативниот саморазговор и самокритиката може да придонесат за зголемување на чувството на вознемиреност и сомнеж во себе. Од друга страна, позитивните мисли можат да ви помогнат да го намалите интензитетот на вознемирените мисли. Тие можат да ја подобрат и вашата самодоверба и на тој начин да ви помогнат да воспоставите поголема контрола врз мислите и емоциите воопшто.

7. Поставете си реални цели

Анксиозноста често произлегува од состојбата на преоптоварување и неспособноста да се справите со очекувањата на светот околу вас. Еден од најефикасните начини да се справите со задачите е да ги направите приоритетни врз основа на итноста и важноста. Покрај тоа, поставувањето реални цели кои се остварливи и се усогласени со личните вредности и приоритети, може да ви помогне да ја зацврстите самодовербата, а со тоа да ги намалите паничните напади.

8. Ефикасно управувајте со времето

Лошото управување со времето може да придонесе за чувство на преоптоварување и стрес, што може да предизвика симптоми на анксиозност. Ефективното управување со времето, исто така, може да доведе до зголемена продуктивност и поголемо чувство за контрола врз животот, што дополнително може да ја намали анксиозноста.

Откако прочитавте на кој начин можете да се ослободите од паничните напади, можеби ќе сакате да прочитате и што никогаш не смеете да ѝ кажете на личност што страда од панични напади.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар