Викенд филмски маратон со Леонардо Дикаприо

Леонардо Дикаприо e роден на 11 ноември 1974 година во Лос Анџелес, Калифорнија како син-единец на Џорџ Дикаприо и Ирмалин Иденбиркин. Своето детство претежно го поминал живеејќи со својата мајка, бидејќи неговите родители се развеле кога тој имал само една година.

Својата кариера ја започнува уште од мали нозе појавувајќи се во многу реклами и ТВ серии. Своето деби на големото платно го има во филмот „Critters 3“ во 1991 година, но првиот голем успех во тоа време го доживува со филмот „What’s Eating Gilbert Grape“ од 1993 година, каде што заедно со Џони Деп играат во главните улоги.Викенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоВо 1997 година ја игра својата животна улога во филмот „Титаник“, а оттогаш до денеска реди само успеси во својата кариера. Досега има глумено во 36 филма, а режисер е на единаесет. За овој викенд ние ви препорачуваме седум од нив.

Интересни факти:

  • Неговото прво појавување на малите екрани било во реклама за млеко.
  • Кога имал 10 години, неговиот агент го советувал да си го смени името во Лени Вилијамс, за да звучело поамериканско.
  • Во јануари, 1999 година, неговите адвокати пополниле апликација за добивање авторски права врз името Дикаприо.
  • Негова омилена актерка е Мерил Стрип.
  • Најдобар другар од детството му е Тоби Мегваер.

Викенд филмски маратон со Леонардо Дикаприо

Заработката на Леонардо Дикаприо:

  • Почеток (Inception) – 59.000.000 долари (вклучувајќи плата, процент од заработката на филмот и дел од продажбата на правата за ТВ и дивиди)
  • Крвавиот дијамант – (Blood Diamond) 20.000.000 долари
  • Покојните (The Departed) – 20.000.000 долари
  • Авијатичарот (The Aviator) – 20.000.000 долари
  • Фати ме ако можеш (Catch Me If You Can) – 20.000.000 долари
  • Бандите на Њујорк (Gangs of New York) – 10.000.000 долари + процент од заработката на филмот
  • Плажата (The Beach) – 20.000.000 долари
  • Титаник (Titanic) – 2.500.000 долари
  • Кошаркарските дневници (The Basketball Diaries) – 1.000.000 долари

.
1. Кошаркарските дневници (The Basketball Diaries)

Викенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 21 април 1995

Глумци: Леонардо Дикаприо, Лорејн Брако…

Времетраење: 103 минути

Жанр: драма

Буџет: непознат

Заработка: 2.424.439 американски долари (само во САД)


.

2. Титаник (Titanic)

Викенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 19 декември 1997

Глумци: Леонардо Дикаприо, Кејт Винслет, Били Зејн…

Времетраење: 194 минути

Жанр: драма, романса

Буџет: 200 милиони американски долари

Заработка: 1.843.000.000 американски долари


.

3. Бандите на Њујорк (Gangs of New York)

Викенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 20 декември 2002

Глумци: Леонардо Дикаприо, Камерон Дијаз, Даниел Деј Луис…

Времетраење: 166 минути

Жанр: драма, криминологија

Буџет: 97 милиони американски долари

Заработка: 193.700.000 американски долари


.

4. Фати ме ако можеш (Catch Me If You Can)

Викенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 25 декември 2002

Глумци: Леонардо Дикаприо, Том Хенкс, Кристофер Вокен…

Времетраење: 141минути

Жанр: драма, биографија, криминологија

Буџет: 52 милиони американски долари

Заработка: 352.000.000 американски долари


.

5. Покојните (The Departed)

Викенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 6 октомври 2006

Глумци: Леонардо Дикаприо, Мет Дејмон, Џек Николсон…

Времетраење: 151минути

Жанр: драма, криминологија, трилер

Буџет: 90 милиони американски долари

Заработка: 290.000.000 американски долари


.

6. Островот Шатер (Shutter Island)

Викенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 19 февруари 2010

Глумци: Леонардо Дикаприо, Марк Рафало, Бен Кингсли…

Времетраење: 138 минути

Жанр: мистерија, драма, трилер

Буџет: 80 милиони американски долари

Заработка: 295.000.000 американски долари

Прочитајте рецензија за „Островот Шатер.
.

7. Почеток (Inception)

Викенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 16 јули 2010

Главни ликови: Леонардо Дикаприо, Џозеф Левит, Елен Пејџ…

Времетраење: 148 минути

Жанр: акција, научна фантастика, мистерија, трилер

Буџет: 160 милиони американски долари

Заработка: 825.500.000 американски долари



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар