ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul)

ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul)

ТВ серија која е произлезена од позната „Breaking Bad“

kinopoisk.ruГлавни улоги: Боб Оденикрк, Реа Сихорн, Патрик Фабијан

Жанр: комедија, криминал, драма

Креатор: Винс Гилиган, Питер Гоулд

Премиера: 8 февруари 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 52 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 9,80 од 10)
Loading...

Креаторите на познатата ТВ серија „Breaking Bad“ започнале нова приказна, која нè води во животот на адвокатот Сал Гудман пред тој да стане Сал Гудман. Оваа ТВ серија на некој начин ѝ претходи на „Breaking Bad“, покажувајќи ни го животот на адвокатот за криминал во времето кога се борел за опстанок. Тој нема клиенти, нема пари и има многу долгови, но работите ќе почнат да се менуваат откако тој ќе реши да ги наоѓа своите клиенти на малку покреативен начин.

ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul) ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul)

Познатиот адвокат во првите епизоди сè уште го користи своето вистинско име, Џими Мекгил, но поради проблемите кои брат му ги има со престижната адвокатска компанија во која работел, тој ќе почне да размислува да го смени со цел да започне од почеток. Неговиот постар брат, Чак, страда од необична болест која не му дозволува да води нормален живот и тој секојдневно се бори со неа надевајќи се дека еден ден повторно ќе може да се врати во светот. Џими се обидува со целата сила да му помогне, но понекогаш тој не може ни самиот за себе за грижи, па токму затоа Чак ќе најде друг начин на кој ќе се издржува, за да му помогне на својот брат повторно да изгради нормален живот.

ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul) ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul)

Уште во првата епизода се открива многу за карактерот на Џими, за начинот на кој тој се справува со животот како и за неговата поврзаност со брат му. Настаните се одвиваат малку побавно од вообичаено, раскажувањето се случува на истиот начин како што беше и во „Breaking Bad“ и самата приказна ја има потребната тежина и обработка на детали која со сигурност ќе го задржи вашето внимание. Па, доколку сте расположени за нова луда авантура дајте ѝ можност на ТВ серијата „Better Call Saul“. Сигурни сме дека нема да зажалите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар