Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)

Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)

Акција во некој далечен универзум

Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)Режија: Анди и Лана Вачовски

Улоги: Мила Кунис, Ченинг Тејтум, Еди Редмејн

Времетраење: 127 минути

Јазик: англиски

Премиера: 6 февруари 2015

Жанр: научна фантастика, акција

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (15 гласа, просек: 7,53 од 10)
Loading...

Јупитер Џонс е девојка која е родена во момент кога ѕвездите на небото биле така распоредени што ѝ се предвидувало светла иднина. Тоа не изгледа така на почетокот на филмот кога работи како хигиеничарка, но работите стануваат појасни кога при еден обид да ја убијат таа ќе го запознае Каин, воин од друга планета кој е пратен на Земјата по неа. Тој ќе ѝ го спаси животот и ќе ѝ објасни дека нашата планета е само плантажа која на луѓето од некоја друга планета им служи за производство на серум на младоста кој овозможува живот долг илјадници години.

Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)

Во понатамошниот сплет на настаните таа дознава и дека е генетска реинкарнација на сега веќе мртвата кралица на таа планета и затоа тројцата наследници посакуваат да ја видат мртва. Бизнисот кој го имаат на Земјата едноставно е преголем за да остават некоја анонимна девојка да раководи со сите тие капацитети за правење пари. Единствена надеж за спас ѝ е, се разбира, силниот Каин.

Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)

Она што најмногу може да ве фасцинира во овој филм се визуелните ефекти. Иако тоа веќе не е некоја новост, филмаџиите постојано успеваат да ги поместат границите напред, а овој филм е еден од тие моменти. Но, тешко е да се одлучи што е она кое разочарува. Иако сè на сè филмот е добар, на крајот останува чувство дека нешто недостасува.

Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)

Приказната е доста едноставна, но имало извонредни филмови со едноставни сценарија. Веројатно ликовите не се такви карактери кои би можеле од тоа да направат нешто повеќе. Мила Кунис во улогата на Јупитер Џонс е наивна чистачка која одеднаш е на пат да стане кралица, Каин (Ченинг Тејтум) е бестрашниот воин кој се бори со својата човечка страна додека ја заштитува, а и другите ликови не се помалку стереотипни. Никој не е толку впечатлив како оние од минатите филмови на дуото Вачовски и можеби затоа очекувавме многу, а добивме само нормална доза.

Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)

Во секој случај, ова е филм кој ви препорачуваме да го гледате. Ако имате можност отидете во кино затоа што оние неверојатни ефекти се уште подобри во 3Д техника. Лесен е, едноставен и пружа одлична двочасовна забава.

Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар