10 неверојатни луѓе кои докажале дека и невозможното сепак е возможно

10 неверојатни луѓе кои докажале дека и невозможното сепак е возможно

Физичките и менталните способности на човечкото тело во главно се ограничени. Но, психолозите веруваат дека нашиот мозок е оној што ги контролира овие ограничувања. Луѓето кои успеале да ги надминат ограничувањата се жив доказ дека тие не се ништо повеќе од илузија. Погледнете ги овие вистински приказни за луѓе кои ги надминале границите на човечкото тело.

1. Џош Сандквист станал параолимпиец откако ја изгубил ногата

10 неверојатни луѓе кои докажале дека и невозможното сепак е возможно

Џош ја изгубил својата нога кога имал само 10 години поради рак. Се излечил на 13 години, а почнал да тренира скијање 3 години подоцна. По 6 години тренирање тој станал дел од параолимпскиот тим за скијање на Велика Британија. Денес тој држи мотивациони говори и е автор на бестселер.

2. Џорџ Данциг случајно решил математички проблем

10 неверојатни луѓе кои докажале дека и невозможното сепак е возможно

Кога Џорџ бил запишан на докторски студии на Универзитетот во Калифорнија, еднаш задоцнил на часот по статистика. Тој видел 2 теореми кои биле запишани на таблата и помислил дека се за домашна работа. Тој успеал да го најде нивниот доказ без да знае дека теоремите всушност се сметале за „нерешливи“. И двете теореми станале дел од неговата докторска дисертација.

3. Џејсон Паџет станал математички гениј по повреда на мозокот

10 неверојатни луѓе кои докажале дека и невозможното сепак е возможно

Откако Џејсон бил брутално нападнат надвор од еден бар, не само што добил потрес на мозокот, туку почнал да го гледа светот низ призмата на геометријата. Пред повредата тој продавал покуќнина. По повредата тој се стекнал со способноста да визуализира комплексни математички објекти и физички концепти. Според научниците, Џејсон е пример за редок синдром каде што луѓето добиваат абнормални способности по некоја болест или повреда.

4. Рејнолд Меснер е првиот човек што го искачил Монт Еверест без екстра кислород

10 неверојатни луѓе кои докажале дека и невозможното сепак е возможно

Рејнолд држи неколку рекорди. Тој бил првиот човек кој искачил планина од над 8.000 метри без боца со кислород. Тој го искачил Монт Еверест во 1978 година без екстра кислород, подвиг за кој докторите сметале дека е невозможен. Првиот врв го освоил кога имал само 5 години, а бил и првиот човек кој сам се искачил на Монт Еверест. Опасноста од искачување без екстра кислород е тоа што телото е принудено да работи прекувремено. Како резултат се произведуваат повеќе црвени крвни зрнца, крвта тече побавно, а крвните садови се склони кон стеснување.

5. Џур Робик е 5-кратен победник на трка со велосипеди од 4.000 километри

10 неверојатни луѓе кои докажале дека и невозможното сепак е возможно

Овој велосипедист од Словенија го држи рекордот за возење 834 километри со велосипед и е познат по неговата екстремна издржливост (спиел само по 1 час навечер за време на трката од 1 недела). Според научниците, тајната за неговата издржливост е тоа што ги игнорирал пораките од мозокот за замор и слушал само совети од неговиот тим за тоа кога да се одмори, кога да јаде и колку брзо да се движи.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар