Филм: Мордекаи (Mortdecai)

Филм: Мордекаи (Mortdecai)

Кога станува збор за украдена уметност, Мордекаи е единствениот кој може да ѝ влезе во трага!

Филм: Мордекаи (Mortdecai)Режија: Дејвид Коеп

Улоги: Џони Деп, Гвинет Палтроу, Ијан Мекгрегор, Пол Бетани

Времетраење: 107 минути

Јазик: англиски

Премиера: 23 јануари 2015

Жанр: акција, комедија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (15 гласа, просек: 8,13 од 10)
Loading...

Лорд Чарли Мордекаи (Џони Деп) е дилер на уметнички дела кој има прекрасна жена, Џоана (Гвинет Палтроу), лојален батлер, Џок (Пол Бетани), живее во огромна куќа исполнета со бесценета уметност и на прв поглед изгледа како да го има совршениот живот. Но, тој некако успева да се најде на работ од банкрот, па токму затоа мора во рок од само неколку денови да направи план со чија помош повторно ќе застане на нозе.

Филм: Мордекаи (Mortdecai) Филм: Мордекаи (Mortdecai)

Чарли е личност која уште на прв поглед се разликува од останатите. Тој е специфичен, на некој начин дури и ексцентричен, но можеби токму поради овие карактеристики и бил успешен во своите измами. И како уникатна личност од овој вид, кој би го одиграл подобро од познатиот Џони Деп? Тој одлично се снаоѓа во својата улога и како и секогаш внесува елемент на апсурдност кој без сомнение ќе ве насмее до солзи. И покрај тоа што знаете дека не постојат никакви шанси во реалноста да сретнете личност како добриот лорд, едноставно нема да можете да останете рамнодушни на неговите „авантури“.

Филм: Мордекаи (Mortdecai) Филм: Мордекаи (Mortdecai)

Од друга страна пак, се наоѓа прекрасната Џоана, која е целосна спротивност од својот сопруг. Таа е силна, приземјена, логична и прави сè што е во нејзина моќ за да го заштити својот будалест Чарли. Истото може да се каже и за Џок, кој без размислување би го дал дури и својот живот за него. Тој не само што е негов батлер, туку исто така е и негово лично обезбедување. Но, тоа што е најинтересно кај овој лик не е фактот што може да претепа цела армија со само едно рака, туку неговата способност да ја заведе секоја жена која ќе му излезе во пресрет. Токму оваа способност ќе ги доведе и до неколку неволји од кои едвај ќе се спасат.

Филм: Мордекаи (Mortdecai) Филм: Мордекаи (Mortdecai)

Станува збор за лесен филм, кој се гледа во еден здив. Не можеме да кажеме дека е најдоброто дело досега на овој тим од познати актери, но дефинитивно не треба ни да се потцени. Доколку сте расположени за 107 минути смеење и безброј шеги за мустаќи, тогаш дефинитивно би требало викендов да издвоите време за Мордекаи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар