ТВ серија: Култ (Cult)

ТВ серија за ТВ серија која испраќа скриени пораки до публиката

ТВ серија: Култ (Cult)Главни улоги: Метју Дејвис, Џесика Лукас, Алона Тал, Роберт Непер, Џефри Пирс

Жанр: мистерија, психолошки трилер

Креатор: Рокни С. О’Банон

Премиера: 12 февруари 2013

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 9.67 од 10)

Loading...Loading...

Идејата за серија во серија е сама по себе генијална. Кога сето тоа ќе се поврзе во една мистериозна приказна, производот дефинитивно ветува добра забава пред ТВ екраните.

ТВ серијата „Култ“ врзува две приказни, гледачот има можност да следи две дејства и полека да открива каква е поврзаноста помеѓу нив. Скриени пораки, исчезнати личности, убиства во серијата кои се пресликуваат во реалноста… И сето тоа за некоја повисока цел…ТВ серија: Култ (Cult)Дејството го движат Џеф (Метју Дејвис, „Вампирски дневници“) и Скај (Џесика Лукас, „Мелроуз Плејс“). Џеф е новинар кој се обидува да го пронајде неговиот исчезнат брат Нејт, фан на серијата, кој успеал да ги „пробие“ скриените пораки, што пак е поврзано со неговото исчезнување. Скај работи како истражувач за серијата, а нејзин мотив за оваа работа било мистериозното исчезнување на нејзиниот татко пред 10 години, кое верува дека е некако поврзано со дејството во ТВ серијата. Џеф и Скај случајно се среќаваат и оттогаш заедно ги разоткриваат мистериите, кои треба да им помогнат во постигнувањето на нивната заедничка цел – да најдат некој близок кого мистериозно го загубиле.ТВ серија: Култ (Cult) ТВ серија: Култ (Cult)Вградената серија пак, раскажува за животот во една необична заедница – колективно семејство, кое го води полниот со љубов, но и немилосрден Били (Роберт Непер, „Бегство од затвор“). Тој се обидува да ја придобие назад неговата љубов и свршеница Кели, која успеала да го напушти култот и да ѝ се врати на својата работа како полициска детективка. Сепак, случаите постојано ја враќаат на теренот на Били…ТВ серија: Култ (Cult) ТВ серија: Култ (Cult)Двете дејства ги поврзува многу мистерија, но поврзаноста е апсолутна и таа навистина постои. Фановите на серијата чувствуваат зависност каква што не е забележана за ниедна друга серија претходно. Како да ги опива некоја дрога. Но, покрај големите фанови, постојат и т.н. вистински верници, кои не само што ја гледаат и обожаваат серијата, туку и ги разбираат нејзините скриени пораки и прават одредени работи кои ќе се побараат од нив во име на серијата.ТВ серија: Култ (Cult)Серијата е сочинета од 13 епизоди, кои се карактеризираат со динамика, напнатост и мистерија. Не е како другите серии од жанрот мистерија кои ве тераат да изгледате цела сезона за да сфатите одредена поврзаност. Тука дејството и разоткривањето се движат со малку побрзо темпо, што резултира со расветлување на (не сите) мистерии во последната епизода.

Забавна е за гледање, не е многу тешка и е одлична за во друштво. Ако сакате мистерии, гледајте ја „Култ“ и обидете се да не се навлечете. Скриените пораки се внатре. Осмелете се да ги дешифрирате.ТВ серија: Култ (Cult)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. SPNfan Reply

    kako sto gledam poveketo serii se emituvaat na CW, moja preporaka od CW seriite se supernatural i arrow a veke od oktomvri zapocnuvaaat i tomorrow people i the originals.

Остави коментар