Маслени слики со повеќе слоеви го визуализираат движењето во зафатените градови

Инспириран од секојдневните моменти, британскиот уметник Клајв Хед успева да го долови урбаното опкружување во неговите маслени слики со повеќе перспективи. Од луѓе кои брзаат да го фатат автобусот, па сè до полни кафетерии, секоја слика содржи слоеви кои прикажуваат движење низ просторот и времето.

Маслени слики со повеќе слоеви го визуелизираат движењето во зафатените градови

Во текот на неговата кариера, стилот на Клајв еволуирал од традиционални реалистични дела во сегашните големи композиции инспирирани од математиката. Најновите дела на Клајв содржат комплексни форми и неколку гледни точки со цел да прикажат повеќедимензионални сцени.

„Ја одбивам модернистичката фрагментација и наместо тоа барам беспрекорна површина, така што гледачот може да се движи низ обединет простор.“

Маслени слики со повеќе слоеви го визуелизираат движењето во зафатените градови

Иако сликите на Клајв прикажуваат моменти од секојдневниот живот, резултатот е сè освен обичен. Гледачите можат да поминат часови проучувајќи го секој дел од неговото платно и секој пат да наоѓаат нови информации.

„Не се обидувам да раскажам приказни, туку да направам слика која генерира секакви наративи. Кога секој дел од сликата може да биде прочитан на разни начини, секогаш постојат повеќе слики. Можностите за различни значења стануваат бескрајни.“

Маслени слики со повеќе слоеви го визуелизираат движењето во зафатените градови

Маслени слики со повеќе слоеви го визуелизираат движењето во зафатените градови

Маслени слики со повеќе слоеви го визуелизираат движењето во зафатените градови

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар