ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)

Кога излезот од проблемите е влез во нов свет каде има многу такви како тебе

ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Главни улоги: Татјана Мазлани, Џордан Гаварис, Дилан Брус

Жанр: акција, драма, научна фантастика

Креатор: Џон Фосет, Грем Менсон

Премиера: 30 март 2013

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (21 гласа, просек: 9.95 од 10)

Loading...Loading...

„Orphan Black“ е ТВ серија која користи позната тематика сместена во сосема нова приказна. Ова е приказна за човечки клонови, умешно раскажана преку главниот лик Сара Менинг. Жанровски е интересен микс од научна фантастика, драма и акција, па би можеле да ја гледаат љубителите на секој од овие жанрови. Забавна е, динамична, емотивна и со неочекувани дејства.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Сара Менинг е аутсајдер, израсната во Лондон заедно со Филекс, нејзиниот посвоен брат. Таа се враќа дома за да си го среди животот, да ја врати назад својата ќерка, да ја обнови врската со Филекс и да стави точка на нејзиното минато, лошите избори и лошите момчиња. Токму кога мисли дека го нашла лесниот начин за излез од проблемите, всушност влегува во лавиринт од нови непознати дејствија кои ни малку не се лесен пат до безгрижен живот.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Чекајќи воз на железничката станица, таа среќава жена која пред нејзините очи си го одзема животот, и што е најчудно од сè, изгледа идентично како неа. Сара е стаписана од оваа случка, но ја користи во своја полза, па ги зема нејзините лични документи и следствено, нејзиниот идентитет и нејзиниот живот.  ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black) ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Многумина не знаат дека таа не е полицајката Бет, но изненадувачки, некои сепак знаат дека не се работи за истата личност, а уште поголемо изненадување е тоа што Бет не е единствениот нејзин дупликат.

Како се случило ова? Како е можно да има повеќе од една идентична личност? Кој ги создал? Колку ги има? Каде низ светот живеат? Колку досега се убиени…

ТВ серијата има интересна замисла и дејство кое е лесно да се следи. Воодушевува актерката Татјана Мазлани (Сара Менинг), која не само што глуми повеќе различни ликови кои имаат различен стил, карактер и начин на живот, туку се и од различни страни на светот и говорат со различен акцент. Нејзиниот руски е крут, британскиот англиски ѝ е стегнат, па би се запрашале кој е всушност нејзиниот мајчин  јазик. Се префрла од една улога во друга умешно претопувајќи ги сите различности на карактерите во клонирани верзии од себеси.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black) ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black) ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black) ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)И останатата актерска екипа фино се надополнува во реализацијата на дејството. Партнерот на Бет, детективот Арт (Кевин Ханчард), нејзиниот љубовник – харизматичниот Дилан Брус, ќеркичката Кира (Скајлер Векслер) и нејзиниот геј брат Филекс (Џордан Гаварис) ја поставуваат серијата на солидни темели, над кои се издига добра приказна и интересно дејство.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Нема посебна целна група на која би ѝ ја препорачале оваа серија. Не е тешка, но не е ни здодевна, типична за во недела попладне. Изгледајте ја првата епизода, па или ќе сакате да продолжите да ја гледате или ќе се откажете уште на половина.

Првата сезона заврши заокружувајќи 10 епизоди, а за оние кои ќе станат нејзини фанови, добрата вест е дека нова сезона ќе се спрема во 2014.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. 986 Reply

    Предобра серија моја отценка 10

Остави коментар