Флинтстонови повторно на малите екрани

Флинтстонови повторно на малите екрани

Генијалецот кој гордо стои зад создавањето на серијата „Family Guy“, Сет Мекфарлен, конечно успеа да си го оствари долгогодишниот сон. Во соработка со телевизиската куќа „Fox“, тој на малите екрани ќе ја врати анимираната класика „Флинтстонови“.Флинтстонови повторно на малите екрани.

„Едно од првите нешта кои ги имав нацртано на возраст од 2 години, беше портрет од Фред Флинтстон“

Со оваа реченица тој ја започна својата презентација во преполната сала со заинтересирани спонзори вчера, на официјалното претставување на проектот во Њујорк. Шоуто ќе започне да се прикажува есента 2013 година, а според неговите зборови, тоа ќе добие посовремена рамка, но ќе зачува добар дел од старите работи, за да остане препознатливо за старите обожаватели.
.

„Ликовите ќе останат сосема исти и единственото нешто што ќе се промени ќе бидат приказните“

Флинтстонови повторно на малите екраниКако за потсетување, анимираната серија „Флинтстонови“ премиерно се прикажуваше на американската телевизија „ABC“ во периодот од 30 септември 1960 година до 1 април 1966 во продукција на „Hanna-Barbera Productions“. Според статистиките, првите три од шестте сезони, своевремено биле помеѓу 30-те најгледани емисии во САД.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Ivana Reply

    Многу ме радува веста =) Ќе биде генијално штом е во рацете на Seth MacFarlane.

Остави коментар