За здрава и негувана коса: Бојадисувајте ја косата со кафе!

За здрава и негувана коса: Бојадисувајте ја косата со кафе!

Ако ја бојадисувате косата, сигурно се соочувате со испукани врвови, безживотен изглед, кршење на влакното и паѓање. Девојките и жените пак, кои се бојадисуваат во потемни нијанси често се соочуваат и со проблемот што косата пребрзо ја губи бојата и избледува. Наместо да се упатите во потрага по ефикасна фарба, послушајте го нашиот совет и наместо со к’на или фарба, вашата коса бојадисајте ја со КАФЕ! Иако можеби изборот на кафе за бојадисување наместо фарба ви звучи чудно, воопшто нема да каете се за овој чекор.

1-za-zdrava-i-neguvana-kosa-bojadisuvajte-ja-kosata-so-kafe-www.kafepauza.mk_

Кафето не само што има јака пигментација, туку е и здраво за косата. Дополнително, ќе избегнете нанесување на амонијак и други штетни хемикалии кои се наоѓаат во фарбата, колор шампоните и разните други бои за коса. Погледнете го упатството и ќе се уверите дека ова е најбезбедниот и најздравиот начин на бојадисување на косата.

Потребни состојки:
  • 3-4 лажички свежо мелено кафе
  • 1/2 шолја балсам за коса или јогурт

2-za-zdrava-i-neguvana-kosa-bojadisuvajte-ja-kosata-so-kafe-www.kafepauza.mk_

Подготовка и употреба:

Во сад ставете ги балсамот и кафето и мешајте сè додека состојките не се соединат. Потоа смесата нанесете ја на косата со помош на прстите или со четка за бојадисување. Намачкајте сè – од коренот до врвовите. Направете ја косата во пунџа, ставете ја во пластична кеса, замотајте ја во пешкир и оставете ја да делува најмалку 1 час.

Потоа, измијте ја косата со млака вода, но не смеете да користите шампон. Значи, измијте ја само со вода. Мијте ја сè додека не исчезнат кафеавите траги. Потоа, исушете ја и уживајте во преубавата коса и загарантираниот сјај!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар