3 прашања кои мора да си ги поставите пред да ставите крај на вашата врска

3 прашања кои мора да си ги поставите пред да ставите крај на вашата врска

Не постои магична формула или луд трик за пронаоѓање љубовна врска. Тоа е логичка игра која има различни правила за различни луѓе. Но, сепак постојат неколку нешта кои треба да ги знаете доколку сакате да имате водство во оваа игра. Со помош на овие 3 прашања вие можете да откриете дали навистина не сакате да бидете веќе во врската во која што сте или пак, станува збор за недоразбирање кое го имате со себе.

3 прашања кои мора да си ги поставите пред да ставите крај на вашата врска

1. Зошто сакате да ставите крај?

Ова е најочигледното прашање, но сепак едно од оние кои најмногу се игнорираат. Раскинувањата се многу емоционални настани кои водат кон огромни промени во животот. Да, понекогаш тие настануваат во моментот, без размислување, откако ќе дознаете информации со кои не можете да се справите, ниту пак да ги опростите, па затоа решавате да се откажете. Но, почесто тие се случуваат во текот на неколку недели, па можеби дури и месеци, бидејќи се чувствувате несигурно за одлуката која треба да биде донесена и како таа ќе влијае врз вас со текот на времето. Токму затоа и во вас почнува емоционален ролекостер.

Ова е најголемата грешка која можете да ја направите. Емоциите не треба да ги носат одлуките за вас. Тие треба да бидат само водичи кои ќе ве насочат кон вистинската одлука, но не и причината за неа. Со самото тоа што знаете дека се чувствувате на одреден начин, вие немате доволно информации да донесете добра одлука. Не е доволно само да знаете дека се чувствувате повредено, издадено или едноставно здодевно. Потребно е да знаете зошто се чувствувате на тој начин. Токму затоа и прво откријте го одговорот на тоа прашање, а потоа донесете одлука.

2. Дали проблемите се навистина нерешливи?

Откако ќе ги откриете вистинските проблеми зад емоциите кои ве преплавуваат, вие треба да се обидете да најдете начин да ги решите. Дали постои начин да ги надминете? Или едноставно сакате да го вратите вашиот живот назад и да почнете од почеток? Потребно е добро да се потрудите за да пронајдете решение. Знаеме дека крајот е најлесниот начин за излегување од таа ситуација, бидејќи на тој начин вие сигурно ќе ги отстраните тежините од вашите рамена и ќе се почувствувате дека конечно сте застанале на вашите нозе. Но, дали тоа е најдоброто решение?

Врските никогаш не се лесни. Луѓето не секогаш се согласуваат со другите, без разлика колку љубов постои помеѓу нив. Тие се доближуваат до погрешните за нив постојано, а тоа не се случува без причина. Колку повеќе време двајца се запознаваат, толку поблиски стануваат, а со тоа имаат и поголем потенцијал да развијат несогласувања. Најчесто најдобриот одговор е доколку не бегате и искрено разговарате за оние нешта кои ве мачат. Секако, не сите проблеми се решливи. Понекогаш едноставно треба да ставите крај на нешто за да можете да продолжите да живеете.

3. Дали ја сакате оваа личност?

Мора да бидете апсолутно сигурни за ова прашање пред да преземете непромислена одлука. Вие треба да бидете сигурни дали само чувствувате дека ја сакате или навистина ја сакате личноста покрај вас. Нашите емоции можат да ни направат повеќе лошо одошто добро само затоа што едноставно не ги искусуваме во целост. Ние наместо да се обидеме да сфатиме што се случува во нас, немаме доволно трпение за истражување и на крај ги интерпретираме погрешно. Не можете да ја дефинирате љубовта според начинот на кој некоја личност прави да се чувствувате. Таа треба да постои во вас, не надвор од вас.

Љубовта е многу повеќе од хемиски реакции, многу повеќе од топлината која ја чувствувате во вашиот стомак. Таа најмногу се потпира на она што оваа личност ви значи на вас и вашиот живот. Колку тој или таа влијае врз вас? Дали ви влијае на позитивен начин, правејќи ве подобра личност од претходниот ден? Дали покрај него/неа можете да ги пронајдете вистинските вие? Доколку оваа личност ви помогнала да се пронајдете самите, тогаш вие го/ја љубите. Но, дали тоа е доволно да го/ја задржите во вашиот живот? Размислете…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар