Што вели вашата омилена боја на кармин за вас?

Доколку сте една од оние девојки кои секое сабајле ги бојат своите усни и потоа постојано ги поправаат во текот на денот, гледајќи се во мало огледалце, тогаш дефинитивно можете да научите нешто повеќе за себе. Пронајдете ја вашата омилена боја на кармин, онаа која најчесто ја користите и погледнете што таа вели за вашиот карактер.

1. Смела црвена или портокалова

(1) Што вели вашата омилена боја на кармин за вас?

Доколку ова е вашата боја, тоа значи дека сте креативни, смели, авантуристи, самоуверени и доволно страсни за да се движите со овие нијанси кои привлекуваат силно внимание. Вие сте амбициозни и сакате предизвици, па токму затоа и не им дозволувате на обичните нешта да ве забават во вашиот живот.

2. Силна розова

(2) Што вели вашата омилена боја на кармин за вас?

Оваа нијанса им кажува на сите дека сте социјални, забавни и пријателски настроени личности кои обожаваат да излегуваат. Вие сте од оние личности кои се атрактивни, не само во изгледот туку и во карактерот, па токму затоа и луѓето сакаат да бидат околу вас. Вие имате тенденција да ги смеете другите и гледате возбуда дури и во најмалите нешта.

3. Природна месо боја или нежна розова

(3) Што вели вашата омилена боја на кармин за вас?

Вие сте полни со љубов и големи пријатели, додека истовремено се однесувате и како деца и како возрасни. Имате тенденција да бидете емпатични, па токму затоа и често донесувате одлуки според вашата доверба, особено кога станува збор за ваши блиски. Вие исто така можете да бидете и малку срамежливи, но откако ќе им се отворите на луѓето, никогаш не им е доста од вас.

4. Различни нијанси виолетова

(4) Што вели вашата омилена боја на кармин за вас?

Вие немате проблем со тоа да му кажете на светот дека сте културни, независни и амбициозни личности на кои секој човек би можел да се потпре, додека истовремено сте и смели и храбри. Вие не сакате да бидете само уште едно лице во толпата, туку сакате да го привлечете вниманието кон себе на уникатен начин.

5. Темни нијанси

(5) Што вели вашата омилена боја на кармин за вас?

Без разлика дали ги одбирате најтемните виолетови, црвени или едноставно црни нијанси, вие немате проблем со покажувањето на вашата темна страна. Понекогаш делувате застрашувачко и како да не сакате да ви пристапат и покрај тоа што уживате во друштвото на другите, сепак се чувствувате како да не припаѓате помеѓу нив. Не ви е проблем гласно да ги кажувате ставовите.

6. Балсам за усни

(6) Што вели вашата омилена боја на кармин за вас?

Вие најмногу ја цените практичноста, па токму затоа и ги избегнувате боите и нанесувате само проѕирен балсам за усни. Вие сте зрели, разновидни и имате тенденција да ги следите правилата. Имате тивок вид самодоверба која се изразува преку вашите природни усни, детерминирани да бидете оние кои навистина сте и не дозволувајќи им на другите да ве менуваат.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар