Филмови кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година

Нова година, нови идеи, нови филмови. Според листата на филмови кои излегуваат во 2014-та година, веднаш може да се забележи дека преовладуваат неколку жанрови – научна фантастика, фантазија и акција. Компјутерската технологија и неверојатните ефекти направија експлозија на филмското платно во последниве неколку години, а со тоа се поместија границите и се сврте вниманието на гледачите кон овие специфични жанрови. Па, можеби ова е причината поради која нареднава година се запоставуваат класичните драми, комедии и акции. Но, сепак тоа не значи дека се намалува и самиот квалитет на идните филмови. Погледнете дел од филмовите кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година…

1. Работата со лешникот (The nut job) – 17 јануари 2014

Кратка содржина: Една верверичка е протерана од нејзиниот дом во паркот и е присилена да живее во големиот град. За среќа, таа го пронаоѓа единственото нешто кое може да ѝ помогне да ја преживее зимата – продавница за лешници.

Гласови: Вил Арнет, Катерин Хејгел, Брендан Фрејзер

2. Ловци на богатство (The monuments men) – 7 февруари 2014

Кратка содржина: Група војници во Втората светска војна добиваат задача да спасат уметнички ремек-дела од нацистите кои сакале да ги уништат и да ги вратат на своите сопственици.

Главни улоги: Џорџ Клуни, Кејт Бланшет, Мет Дејмон

3. Зимска приказна (Winter’s Tale) – 14 февруари 2014

Кратка содржина: Обичен крадец се заљубува во богата девојка која ќе почине во неговите раце. Но, тој дознава дека поседува дарба за реинкарнација и на тој начин ќе се обиде да ја спаси. Ова не е вистинска приказна, ова е приказна за вистинска љубов.

Главни улоги: Колин Фарел, Џесика Браун Финдлеј, Расел Кроу

4. Бел (Belle) – 14 февруари 2014

Кратка содржина: Овој филм е инспириран од вистинската приказна за Дајдо Елизабет Бел, вонбрачната ќерка од мешана раса на кралскиот адмирал на морнарицата. Нејзиното потекло ѝ овозможило одредени привилегии, но бојата на кожата ја спречува целосно да учествува во настаните и токму поради тоа таа се плаши дека никогаш нема да пронајде љубов.

Главни улоги: Гугу Мбата-Ро, Метју Гуд, Емили Вотсон

5. Академија за вампири (Vampire Academy) – 14 февруари 2014

Кратка содржина: Роуз Хатевеј е половина човек, половина вампир. Таа е заштитничка на Морои, мирни и смртни вампири кои живеат во светот на луѓето. Нејзината задача е да ја штити најдобрата пријателка која е кралски член на прастара раса и можна престолонаследничка.

Главни улоги: Зои Дуч, Луси Фрај, Данила Козловски

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар