Ескалибур – највисоката вештачка карпа за качување
37-метарската вештачка карпа за искачување „Ескалибур“ е вистински предизвик за алпинистите. Се наоѓа во холандскиот град Гронинген, во спортскиот комплекс Klimcentrum Bjoeks, и засега важи за највисока вештачка карпа. Потеклото на нејзиното име е повеќе од очигледно. Наликува на меч, но со големина колку една 12-катница.

Карпата не е наменета само за професионалци во овој спорт, туку за сите заинтересирани. Секој може слободно да ги испроба своите можности. Колку погоре се качувате, толку искривувањето на карпата е поголемо. Отклонот од дното до врвот изнесува цели 11 метри. За некои ескалибур е детска игра, но за други недостижна цел. Како и да е, на оваа височина дури и најискусните добиваат вртоглавици.





Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
