Филм: Ти не си ти (You’re Not You)

Еден момент може да промени сè, но доволна е само една личност за да ни даде надеж.

(1) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)Режија: Џорџ Ц. Вулф

Улоги: Хилари Свонк, Еми Росум, Џош Дамел

Времетраење: 102 минути

Јазик: англиски

Премиера: 27 ноември 2014

Жанр: драма

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 9.10 од 10)

Loading...Loading...

Кејт (Хилари Свонк) има прекрасен живот, неверојатен дом и сопруг кој ја сака со целото срце. Таа има и многу пријатели кои се грижат за неа. Но, работите целосно ќе се сменат откако ќе ја дијагностицираат со Амиотрофична латерална склероза (АЛС). Одеднаш нејзиниот живот целосно ќе се промени и за само една година таа ќе се најде во состојба да не може да се грижи за себе.

(2) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)

Бидејќи не може да функционира сама, а нејзиниот сопруг мора да работи, Кејт е во постојана потрага по медицински лица кои ќе се грижат за неа. Но, таа многу брзо ги отпушта бидејќи покрај нив се чувствува како пациент. И покрај тоа што таа е многу болна и очекува набрзо да умре, сè што ѝ е потребно е личност која ќе ѝ помага со секојдневните обврски, но која ќе ја гледа како човечко суштество кое сè уште е живо. Токму така и ќе налета на Бек (Еми Росум), студентка која ќе се пријави за работата без да знае на што се нафаќа.

(3) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)

Најголемата разлика помеѓу Бек и останатите жени што се грижеле досега за неа е тоа што таа нема никакво искуство во оваа област, а токму тоа освежување ѝ е очајно потребно на Кејт. Бек исто така е девојка во своите луди години и живее од ден за ден. Таа не знае да готви, претерано пие, не сака да се врзува и не само што никогаш не се грижела за никој, туку таа не знае ни како да се грижи за себе. Но, работата со Кејт целосно ќе ја смени и ќе ѝ покаже дека животот сепак вреди да се живее, дури и во оние моменти кога тоа изгледа бесцелно.

(4) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)

Станува збор за тешка приказна која со сигурност ќе влијае врз вашето расположение, па имајте го тоа на ум пред да го пуштите овој филм. Хилари Свонк е позната по овие сериозни улоги и како и секогаш претходно, повторно успева да ни го покаже многу реално и сликовито она низ што нејзиниот лик поминува. Борбата со оваа болест е неверојатно застрашувачка, но дури и тогаш животот може да биде полесен доколку покрај нас ја имаме вистинската личност. Токму тоа е една од моќните пораки на овој филм.

(5) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар